29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМожноста од инфаркт ќе ја намалите ако вежбате до пет пати неделно

Можноста од инфаркт ќе ја намалите ако вежбате до пет пати неделно

На сите им е добро познато, а медицинските истражувања многупати потврдија дека правилната исхрана и здравиот начин на живот влијаат врз нашето здравје, го спречуваат развојот на сите болести, a особено ракот и срцевите заболувања, и го продолжуваат животот. Меѓутоа, повеќето луѓе со текот на годините ја занемаруваат физичката активност, а покрај тоа, природно им се забавува метаболизмот, па се здебелуваат дури и ако не јадат многу.

Истражување направено во САД, во кое учествуваа дури 99.000 жени, покажа дека жените кои се здебелиле по 35-годишна возраст почесто заболуваат од карцином на дојка. Исто така, жените кои вежбаат пет пати неделно, дури 41 проценти поретко доживуваат срцев удар, а жени кои вежбаат три пати неделно – 32 проценти во споредба со оние кои не вежбаат.

Лекарите советуваат со годините да ја зголемуваме физичката активност, не во смисла на темпо и напор, туку да биде почесто. Совршено би било секојдневно вежбање од 30 до 60 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП