27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОдлука оваа недела: VW го сели производството на Passat во Словачка?

Одлука оваа недела: VW го сели производството на Passat во Словачка?

„Volkswagen ги замрзна плановите за изградба на фабрика во Турција, но допрва треба да одлучи каде да изгради нови погони за производство на автомобили со средна големина во Европа“, објави специјализираниот германски магазин Automotive News.

Компанијата може да одлучи да го произведува моделот Passat во Словачка наместо во Турција, велат извори.

Надзорниот одбор на Volkswagen би требало да се состане оваа недела за да одлучи дали ќе продолжи со планираната инвестиција.

Загриженоста ги замрзна плановите за инвестирање во Турција во услови на меѓународни критики за воената операција која турската војска ја започна во Сирија, потсетува весникот.

Volkswagen планира да отвори нова фабрика до октомври 2022 година, кога операциите во германскиот град Емден, каде што во моментот се произведува Passat, ќе бидат пренасочени кон електрични автомобили.

Една од можностите која се разгледува е трансферот на производството на Passat во фабрика во Братислава, Словачка. Тука веќе се произведуваат Volkswagen Touareg, Audi Q7, VW Up, Seat Mii и Skoda Citigo.

Словачка е земја во која се произведуваат најмногу автомобили по глава на жител – во тој сектор се вработени околу 300.000 луѓе.

Првично, фабриката Volkswagen требаше да биде изградена во Маниса, 40 км североисточно од Измир, на западниот брег на Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП