18 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Ред сафари“ - нов сингл на Кирил Џајковски, дел од саундтракот за...

„Ред сафари“ – нов сингл на Кирил Џајковски, дел од саундтракот за филмот „Врба“(видео)

Синглот „Ред сафари“ на Кирил Џајковски е дел од саундтракот за филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски.

Синглот и видеоспотот излегуваат истовремено со успешната светска премиера на филмот на 14. Филмски фестивал во Рим. По филмовите „Прашина“ и „Сенки“, Џајковски повторно соработува со Манчевски со кого во минатото соработуваше и во проектот „Бастион“.

По успешната летна сезона, исполнета со настапи на повеќе фестивали, Кирил Џајковски се враќа на сцената со серија од нови музички изданија. Првиот од нив, синглот „Ред сафари“, е уште една соработка со пејачот и рапер Лион Д. Песната е експлозивна мешавина од реге и драменбејс и одлично ја доловува фуриозната атмосфера од живите настапи на Џајковски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП