Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone
Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар-Митевска изминатиот викенд се закити со уште три престижни награди.
На штотуку завршениот фестивал All About Freedom Festival ја доби главната награда за најдобар филм. Фестивалот се одвива во Гданск, Полска, и е поддржан од Европската комисија. Главната награда која ја освои Петрунија е парична во вредност од 7.000 евра. Полскиот дистрибутер на филмот Aurora films планира да ја почне дистрибуцијата во Полска на почетокот на следната година.
На Филмскиот фестивал во Тузла,о Босна и Херцеговина, „Господ постои, името и’ е Петрунија” ја освои главната награда „Златната вила“ за најдобар филм.
Уште едно признание, овој пат за главната актерка, доаѓа од штотуку завршениот Македонски филмски фестивал во Торонто, каде Зорица Нушева ја освои наградата за најдобра женска улога.
Во октомври Петрунија патува дури на десет фестивали ширум светот, со што веќе се приближува на околу седумдесет фестивалски прикажувања досега, а продуцентите најавуваат дека според неверојатната есенската фестивалска побарувачка сигурно нема да застане на оваа извонредна бројка.
Филмот овој месец ќе гостува и на фестивали во Турција, Австралија, Холандија, Кина и Грција.
Филмот досега има освоено 25 награди.
Иако температурите паднаа, Telekom Electronic Beats Weekender ќе ја подгрее атмосферата во градот. По успешниот летен TEB Picnic што се одржа во Градскиот парк, овојпат…
Песните на Мараја Кери беа синглови број еден на билбордот “Hot 100″, 14 пати во текот на 90-тите. Пејачи како неа, како Мадона со нејзината…
Режисерот Мартин Скорсезе ги замоли гледачите да не го гледаат неговиот нов филм „Ирецот“ на мобилни телефони. Три и полчасовниот крими еп на Скорсезе, во…
Во најновиот, 40-ти врој на реномираното литературно списание „Балкански књижени гласник“ деновиве е објавен најновиот драмски текст на Томислав Османли насловен „Враќање дома“. Пиесата се…
Македонската академија на науките и уметностите и Мирослав Масин го најавуваат отворањето на изложбата „Подобро на гранка одошто заглавен во лифт“. Изложбата на Мирослав Масин…
Целата македонска јавност е згрозена од синоќешниот вандализам и поганење на македонскиот народен театар. Болно е за Заев и неговите соработници тоа што со секој…
Филмот Joker ги руши сите рекорди на гледаност, а режисерот Тод Филипс ги израдува фановите со изјавата дека би било вредно да се сними и…
Веројатно не постои човек што барем еднаш не ја обвинил технологијата за создавање на едно френетично, плитко општество, кое сè позабрзано ита кон катаклизма. Но…
Новиот роман на писателот Јован Дамјановски „Кафез за душата“ ќе биде промовиран во петок во Музичкото училиште „Тодор Скалоски“ во Тетово, со почеток во 18…
Врската на Бред Пит и Анџелина Џоли е среќна и потоа тажна приказна за таблоиди која никако да заврши. Три години откако поднесоа барање за…