Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,931.87 0.24%    BESK 5,700.00 0%    GRNT 940.00 -1.25%    KMB 5,997.97 -0.02%    MPT 66,000.00 1.54%    RZIN 46.00 -48.89%    SBT 2,600.33 0.01%    TNB 16,500.00 0.92%    TTK 1,282.00 0%    ZPOG 1,800.00 0%    

Светска премиера на „Врба“ на Манчевски на фестивалот во Рим

Време: 10:10

Датум: октомври 19, 2019

Категорија: КУЛТУРА

Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде вечерва на Филмскиот фестивал во Рим, Италија, во рамките на третата фестивалска вечер.

Годинава, во официјалната програма на еден од најголемите фестивали во светот селектирани се 33 филмови, меѓу кои и „Врба“. Најавувајќи ја програмата, уметничкиот директор на фестивалот Антонио Монда го опиша филмот на Манчевски со зборот „прекрасен“.

„’Врба’ го означува враќањето во форма, големата форма на Милчо Манчевски, на кого се сеќаваме по ‘Пред дождот’ кој ја освои Венеција. Ова е уште еден прекрасен филм“, рече Монда.

Тој додаде дека годинашното 14. издание на фестивалот е во знакот на жената: елегантен и стамен, поими кои реферираат и на „Врба“, кој говори за мајчинство, љубов и доверба.

За „Врба“, првиот фестивалски ден во Рим почнува утре со утринската проекција за новинарите, следи прес-конференција со режисерот Манчевски и македонските актерки, Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски, а вечерта е гала премиерата со прошетка по црвениот килим.

На светската премиера ќе присуствува и Министерот за култура, Хусни Исмаили.

На 1.300 метри квадратни поставен е најголемиот и најдолг црвен килим во светот, кој води од главната авенија до фестивалските збиднувања во Аудиториумот Парко дела Музика дизајниран од Ренцо Пијано, а на него ќе поминат и актерките Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски.

На црвениот килим ќе продефилираат и Џон Траволта, Итан Коен, Бенисио Дел Торо, а на актерите Вајола Дејвис и Бил Мареј ќе им бидат врачени награди за животно дело.

Во Рим ќе дојдат и едни од најзначајните современи филмски режисери како Јапонецот Хироказу Коре-еда и Французите Бертран Таверние и Оливие Асајас.

Фестивалот вчера го отвори најновиот филм на актерот и режисер Едвард Нортон со неговиот „Бруклин без мајка“ во кој играат Брус Вилис, Алек Болдвин и Вилем Дефо.

Фестивалот има челична програма оваа година, доволно е да се спомене најновото филмско остварување на Мартин Скорсезе, „Ирецот“ во кој играат актерските магови Ал Пачино, Роберт Де Ниро, Џо Пеши и Харви Кајтел, филмот „Џуди“ со Рене Зелвегер во режија на Руперт Голд, филмот „Даутаун Еби“ со Џим Картер и Елизабет Мекговерн, филмот за Павароти во режија на Рон Хауард, „Хаслерс“ со Џенифер Лопез…

Во селекција се влезени филмови од 25 земји од светот.

Специфично за Филмскиот фестивал во Рим е тоа што тој е повеќе од фестивал – тоа е голем културен настан, каде публиката има можност за директен разговор со најголемите режисери, актери и писатели. Исто така, паралелно со фестивалот има и голем филмски маркет за пласман на филмовите и склучување нови проекти.

„Врба“ е шестиот долгометражен филм на Милчо Манчевски. Во филмот игра млада актерска екипа: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев, Камка Тоциновски. Во останатите улоги се Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ и други. Музиката ја потпишува Кирил Џајковски, дизајнер на продукција е Дејвид Манс, директор на фотографија е Тамаш Добош, а продуцент на филмот е Јане Ќортошев. Филмот е во продукција на „Банана филм“ и е македонско-унгарско-белгиска копродукција, со учество и на Албанија.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Објавен нов број на списанието „Македоника“

    Објавен нов број на списанието „Македоника“

    Во најновото издание на списанието „Македоника“, двобројот 23-24, што го издава Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје, меѓу другото, се објавени петнаесетина текстови…

  • Реализиран музичкиот проект  „Скопје во три бои“ – со порака за продолжување на соживотот

    Реализиран музичкиот проект „Скопје во три бои“ – со порака за продолжување на соживотот

    Сплет од музички изведби на макеодонска, ромска и турска музика, ја  потврди сплотеноста на народите кои живеат на исто парче земја, како еден завет да…

  • Роби Вилијамс и ќерката се плашат од дух во нивниот дом

    Роби Вилијамс и ќерката се плашат од дух во нивниот дом

    Пејачот Роби Вилијамс и неговата седумгодишна ќерка Теди се исплашени од дух во нивниот дом во Велика Британија. Пејачот, кој претходно тврдеше дека зборувал со…

  • Почина музичкиот гениј, италијанскиот композитор Енио Мориконе

    Почина музичкиот гениј, италијанскиот композитор Енио Мориконе

    Светот жали по веста за смртта на музичкиот гениј, италијанскиот композитор Енио Мориконе кој почина во 91. година од животот. Во својата кариера тој има напишано музика…

  • Двејн Џонсон – “The Rock” е најскапо платениот „инфлуенсер“ на Инстаграм

    Двејн Џонсон – “The Rock” е најскапо платениот „инфлуенсер“ на Инстаграм

    Холивудската ѕвезда Двејн Џонсон – “The Rock” е најскапо платениот Инстаграм „инфлуенсер“, според податоците на британската компанија за маркетинг на социјалните мрежи – “Хопер ејч-кју”.…

  • Почнува „Скопско лето“ со ограничен број посетители и со мерки за заштита

    Почнува „Скопско лето“ со ограничен број посетители и со мерки за заштита

    Со концертот „Скопје во три бои“ вечер од 20.30 часот во Сули ан ќе биде отоврен 41-от фестивал „Скопско лето“, кој традиционално почнува на 21…

  • Дизни на врвот на американскиот боксофис

    Дизни на врвот на американскиот боксофис

    Дизниевите „Зоотопија“ и „Одмаздници“ се искачија на врвот на американскиот боксофис четири и шест години по премиерното прикажување. Додека новите холивудски филмови се ставени во…

  • Што се случува? Навистина е тешко да се гледа: Секоја нова фотографија од нашиот омилен Чендлер е се позагрижувачка

    Што се случува? Навистина е тешко да се гледа: Секоја нова фотографија од нашиот омилен Чендлер е се позагрижувачка

    Метју Пери е виден како се потпира на зграда и се обидува да земе воздух, а неговата асистентка му помогнала да влезе во автомобилот. Штом…

  • Програма на Националната галерија за 2020 година

    Програма на Националната галерија за 2020 година

    Почетокот на 2020 година работата на Националната галерија, како и кај сите светски музеи и галерии, се базираше на интерактивни содржини на електронските медиуми и…

  • Виртуелна посета на археолошкиот локалитет Тумба Маџари

    Виртуелна посета на археолошкиот локалитет Тумба Маџари

    Археолошкиот музеј овозможи виртуелна тура во „Неолитското село” – музеј под отворено во археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, кој сè уште е затворен за…