18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo го претстави првиот електричен автомобил (видео)

Volvo го претстави првиот електричен автомобил (видео)

Шведскиот Volvo го покажа долгоочекуваниот прв електричен Volvo, XC40 recharge. Се предвидува дека Volvo до 2025 година ќе продава 50 проценти од сите свои електрични автомобили годишно, од кои првиот е XC40 recharge, кој во гаражите на сопствениците ќе се најде на крајот на следната година.

Како и класичниот XC40, електричната верзија е направена на истата флексибилна CMA платформа, освен што батеријата од 78 kWh е скриена на дното на автомобилот. Сила даваат два електрични мотори, еден по оска, како би обезбедил погон на сите тркала, а заедно произведуваат 300 kW (408 КС) моќ и 660 Nm вртежен момент, овозможувајќи му на XC40 од 0 до 100 km/h да забрза за 4,9 секунди.

Се проценува дека со полна батерија ќе може да патува и до 400 километри, додека батеријата ќе се полни за нешто помалку од 8 часа на домашен полнач од 11 kW и од 0 до 80 проценти за 40 минути на брз полнач од 150 kW.

Визуелно, електричната верзија не е премногу различна од класичната, само маската е различна и на секоја страна од затемнетиот C-столб е поставен знак за повторно полнење.

Нема големи разлики внатре, но XC40 recharge има нов мултимедијален систем напојуван од Android. Цената е сè уште непозната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП