26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДоколку сте настинати, овие намирници ќе ви помогнат да закрепнете

Доколку сте настинати, овие намирници ќе ви помогнат да закрепнете

Кога сме болни, на организмот треба да му обезбедиме храна која лесно се вари додека во исто време  содржи и многу корисни состојки. Тоа е:

Пилешка супа, која често се препорачува при настинки, навистина му помага на телото во борба со вирусите.

Овесна каша со додавање семки и јаткасти плодови за дополнителна доза на протеини, цинк и витамин Е е исто така одличен оброк доколку сте болни.

Топол зелен чај – помага при проблеми со болка во грлото и желудникот, додека кверцетинот, еден од важните антиоксиданти во овој пијалок, има позитивен ефект врз имунитетот.

Мед и ѓумбир – делува антивоспалително и антибактериско. Медот исто така го смирува болното грло и ја ублажува сувата кашлица, како и ѓумбирот (најдобро чај од ѓумбир) кој исто така ја ублажува главоболката и гадењето.

Шејкови и природно цедени сокови од овошје и зеленчук (на пр. со банана, цитрус, спанаќ, итн.) претставуваат одличен начин да му ја обезбедите на организмот потребната течност и многу витамини и минерали, додека истовремено и ќе го смирите гладот.

Лук – не само што го зајакнува имунитетот, туку и ги ублажува симптомите на болеста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП