Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,689.14 -2.96%    BGOR 196.00 -2.97%    DLIN 35,143.00 0%    FERS 73,235.00 -3%    GRNT 1,029.70 1.77%    KMB 5,497.72 -1.15%    KVAS 14,400.00 0%    MPT 72,169.12 -2.46%    MTUR 5,300.00 0%    OHB 6,150.00 0%    REPL 77,500.00 2.65%    RMDEN18 98.70 0%    RZUS 83.00 0%    STB 1,152.61 -0.64%    STIL 99.00 -2.09%    TETE 2,341.25 -0.41%    TTK 1,380.00 1.6%    UNI 2,151.02 -1.74%    

„Врба“ на Манчевски – прв македонски филм на реномираниот Филмски фестивал во Рим

Време: 14:05

Датум: октомври 4, 2019

Категорија: КУЛТУРА

Светската премиера на најновиот игран филм на Милчо Манчевски „Врба“ ќе биде на 19 октомври на 14. Филмски фестивал во Рим. „Врба“ ќе биде прв македонски филм што ќе учествува во официјалната селекција на овој фестивал кој е најмладиот фестивал меѓу најелитнитефестивали во светот, каде светски премиери досега имале многу оскаровци.

„Врба“ е во официјална селекција меѓу 30-тина филмови, заедно со новиот филм на Мартин Скорсезе „Ајришмен“, како и „Мадерлес Бруклин“ на Едвард Нортон.

Филмот ќе биде прикажан и во нашата држава, но сè уште нема датум за македонската премиера.

Ова е прв филм на Манчевски кој е сниман во нашата земја по пауза од 10 години. „Убаво е чувството повторно да се режира тука, убаво е да не си во егзил. Јас сакам да работам во Македонија дури и кога морам главната поддршка и финансиери да ги организирам во светот, а потоа да го донесам проектот тука, како што беше со ‘Пред дождот’ и ‘Прашина’. Во овој случај првпат имав организациска поддршка од продукцијата и од Агенцијата како што никогаш не сум имал досега. По многу години искуство, имав инфраструктура во која можеш комотно да работиш, тоа е исто толку убаво колку и задоволството од завршениот филм“, рече Манчевски.

Зборувајќи за приказната на филмот, тој рече дека овој пат таа има среќен крај.

„Врба“ е во продукција на „Банана-филм“ и е македонско-унгарско-белгиска копродукција во која учествува и Албанија. Снимањето траеше два месеца, од октомври до ноември, минатата година. „Врба“ е филм за лојалност, љубов, доверба и мајчинство, кој спојува приказни за три млади мајки – едната се случува во 17 век, а другите две се современи.

Во актерската екипа се: Петар Мирчевски, Сара Климоска, Ненад Нацев, Камка Тоциновски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ, Наталија Теодосиева и Никола Ристески. Директор на фотографија е Унгарецот Тамаш Добош, дизајнер на продукција е долгогодишниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Светска премиера на „Врба“ на Манчевски на фестивалот во Рим

    Светска премиера на „Врба“ на Манчевски на фестивалот во Рим

    Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде вечерва на Филмскиот фестивал во Рим, Италија, во рамките на третата фестивалска вечер. Годинава, во…

  • Дванаесет години од смртта на Тоше Проески

    Дванаесет години од смртта на Тоше Проески

    На денешен ден пред дванаесет години пејачот Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб, на 26-годишна…

  • Македонските издавачи на Саемот на книгата во Франкфурт

    Македонските издавачи на Саемот на книгата во Франкфурт

    Современата македонска литература, претставувана од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), ќе биде дел од 71. издание на Саемот на книгата во Франкфурт, што ќе се…

  • Концерт на Филхармонија со дела од Дебиси, Копланд и Коларовски

    Концерт на Филхармонија со дела од Дебиси, Копланд и Коларовски

    Филхармонија в четврток, 17 октомври, во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Ќе се разбудам ли пак“ на кој ќе прозвучат дела од Дебиси, Копланд…

  • ,,Гардијан“ состави листа на 100 најдобри филмови на 21 век

    ,,Гардијан“ состави листа на 100 најдобри филмови на 21 век

    Познатата веб-страница „Гардијан“ собра пет реномирани филмски критичари кои заедно составија листа на 100. најдобри филма за 21 век. На прво место се најде филмското…

  • Сто години од раѓањето на Димитар Митрев – основоположник на македонската книжевна критика

    Сто години од раѓањето на Димитар Митрев – основоположник на македонската книжевна критика

    Во просториите на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во понеделник, на 14 октомври, со почеток во 12 часот ќе се одржи книжевна средба во…

  • Петто издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“ од 7 до 10 октомври

    Петто издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“ од 7 до 10 октомври

    Петтото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, ќе се одржи од 7 до 10 октомври, под слоганот „Отаде“ во МКЦ и…

  • В сабота „Бела ноќ“ на 15 локации во Скопје

    В сабота „Бела ноќ“ на 15 локации во Скопје

    Во сабота, 5 октомври, концерти, изложби, кино, театарски претстави, 3Д видео мапинг и уште многу други културни содржини ќе бидат дел од овогодинешната јубилејна 15.…

  • По трет пат во Скопје- One Love Tour 2019

    По трет пат во Скопје- One Love Tour 2019

    Една љубов преку границите на Македонија и Бугарија. Најдоброто од двете држави за сите генерации! На 27 септември,  „One Love Tour“ 2019  гостува во Скопје…

  • Квалитетни книги за сто денари – понуда на издавачкиот центар „Heroes“

    Квалитетни книги за сто денари – понуда на издавачкиот центар „Heroes“

    Новиот издавачки центар „Heroes“ наскоро со интересна понуда за широката публика- квалитетните книги ќе бидат достапни за прифатлива цена со што ќе се популаризираат хероите…