24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКакво е времето на другите планети

Какво е времето на другите планети

За да го поднесете времето на другите планети, од дожд што содржи сулфурна киселина до метански ветрови побрзи од звукот, потребна ви е нешто повеќе од водоотпорна јакна и крема за сончање со фактор 50.

Честопати се жалиме на времето, особено откако екстремните временски настани зачестија на Земјата.

Но, како би изгледало ако годишниот одмор го поминеме во борба со ветер од 8000 км на час или против доволно висока температура за да се стопи оловото?

Знаеме и разбираме како времето, без разлика дали е добро или лошо, функционира на нашата планета. Но, некаде во длабочините на универзумот, тоa може да биде многу по напнато.

Еве неколку примери:

Пеколната Венера

Да започнеме во непосредна близина, од нашиот сосед Венера, најнегостољубивото место во сончевиот систем.

Во суштина, Венера е апокалиптичен пекол. Нејзината атмосфера е густа и е составена главно од јаглерод диоксид, што предизвикува атмосферски притисок врз Венера 90 пати повисок отколку на Земјата.

Атмосферата задржува голема количина на сончево зрачење, што значи дека температурите на Венера може да достигнат до 460 степени Целзиусови. Ако само зачекорите на Венера, ќе зовриете за неколку секунди.

Ако тоа не ви звучи доволно болно, дождот на Венера содржи многу корозивна сулфурна киселина, која кога ќе стигне на површината на планетата, ќе предизвика сериозни изгореници на кожата или костумот на некој вселенски патник.

Сепак, поради екстремно високите температури, дождот испарува пред да стигне до земјата.

Сепак, уште побизарно е што има „снег“ на Венера, иако не е вид на снег што би бил погоден за грутка. Се состои од базалтни остатоци од заледени метали кои испариле во атмосферата на Венера.

Нестабилниот Нептун

На спротивниот крај на Сончевиот систем се наоѓаат гасните гиганти Уран и Нептун.

На Нептун, најоддалечената планета на нашиот систем, облаците се од замрзнат метан и таму дуваат најсилните ветрови во Сончевиот систем.

Топографијата на планетата е таква што земјата е генерално рамна, така што нема ништо што може да ги забави овие метански ветрови побрзи од звукот, кои дуваат со брзина и до 2.400 км на час.

Покрај пробивање на звучен ѕид, посетата на Нептун би вклучувала и дијамантски дожд, благодарение на компресијата на јаглеродот во атмосферата.

Сепак, посетителите не треба да се грижат дека ќе бидат удрени од карпа во есен, бидејќи тие пред тоа веќе се замрзнуваат, веднаш по пристигнувањето – просечната температура е -200 степени Целзиусови.

Планети надвор од Сончевиот систем

Егзопланетите се наоѓаат надвор од Сончевиот систем и орбитираат околу другите сонцa.

Том Лауден е истражувач на постдокторски студии на Универзитетот во Ворвик во Велика Британија и е, исто така еден вид интергалактички метеоролог. Неговата работа е да открие какво е времето на другите планети.

Неговата специјалност се егзопланетите, особено планетата со харизматичниот назив HD 189733b.

Тоа е свет со интензивно сина боја, оддалечен околу 63 светлосни години, а времето на него, во споредба со другите планети, е потенцијално најекстремно.

Иако изгледа убаво, временските услови во овој свет се ужаснои, со катаклизмички размери.

Ветровите на оваа планета дуваат со брзина од 8000 км на час (најсилните снимени ветрови на Земјата беа нешто повеќе од 400 км на час), а покрај тоа е 20 пати поблиску до неговото сонце отколку што ние сме до нашето, така што температурата на воздухот е околу 1.600 степени Целзиусови, т.е. исто како и стопената лава.

„Камењата на нашата планета би испариле во течност или гас на оваа егзопланета“, вели Лауден.

Дали постои населиво место за живеење во вселената?

Лауден верува дека планетите со слична големина и маса како Земјата орбитираат околу помалите sвезди од типот М, односно црвените џуџиња.

Тоа е најчестиот вид ѕвезди во Млечниот пат, но тие се кријат во сенките и се премногу темни за да се видат со голо око од Земјата.

Сепак, сосема друго прашање е дали таквите планети се применливи.

Многу од овие егзопланети се наоѓаат во таканаречената „Goldilocks Zone“, односно не се ниту премногу блиску ниту премногу далеку од нивното сонце. За жал, многу од нив веројатно се, исто така „заклучени“ во синхронизирана ротација во однос на нивната ѕвезда.

Ова значи дека тие секогаш се свртени на иста страна од телото на кое кружат – исто како што истата страна на Месечината е секогаш свртена кон Земјата.

Поради ова, од едната страна на планетата е постојана дневна светлина, а од другата постојана ноќ.

„Кога правиме компјутерски модели, ураганските ветрови дуваат од дневна на ноќна страна“, вели Лауден.

„Ова се должи на ефектот на синхронизираната ротација. Станува многу потопло од едната страна на планетата отколку на другата, а силните ветрови се последица на тоа, со цел да се прераспредели топлината на планетата “.

„Целата течна вода на дневната страна испарува во облаци, која ветрот ја носи на ноќната страна, а потоа тие замрзнуваат и паѓа снег. Значи едната страна на планетата е пустина, а другата е поларна “.

Сепак, Лауден додава дека ова се само предвидувања засновани врз модели, додека други експерти приоѓаат со поголем оптимизам кон идејата за живот на егзопланетите затворени во синхронизирана ротација.

Д-р Инго Валдман, предавач по предметот „Екстрасоларна планета“ на Универзитетот во Калифорнија, изјави за Би-Би-Си дека постоењето на доволно густа атмосфера може да обезбеди таква циркулација на воздухот помеѓу дневните и ноќните страни, со што ноќната страна нема да замрзне целосно.

Другите модели покажуваат дека испарувањето на водата во најжешките точки на денот ќе се кондензира во облаци и ќе создаде трајна облачност на таа страна.

Облаците можат да отсликаат доволно сончева светлина назад во вселената за да ја намалат температурата на планетата и да направат делови од дневната страна да стане населлива.

Значи, сè додека не пронајдеме услови за населување надвор од планетата Земја, најубаво е да останеме дома.

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП