20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва е највкусна и најздрава закуска за здраво срце, а има само...

Ова е највкусна и најздрава закуска за здраво срце, а има само 215 калории на 100 грама

Кој не сака брускети?

Традиционалните брускети со домат, кои ги има во сите медитерански земји обложени со доматен сос или со домат е најпопуларната „закуска“ во Европа уште од 16 век која се смета најдобра за срцето.

Лебот со домати претставува здраво и вкусно јадење кое може да се јаде во секое време од денот. Нема многу калории (само 215 на 100 грама) и е полн со витамини поради што е одлично за срце.

Секоја порција на оваа „закуска“ опфаќа дури 10,8 проценти од дневните енергетски потреби.

Брускети со домати, односно Pa amb tomaquet како ги нарекуваат во Каталонија се прават од препечен (или не) леб претходно натопен во маслиново масло со половина зрели домати или премачкани со сос од домати и добро посолени.

Во минатото ова се сметало за работнички оброк, а за прв пат брускетите како рецепт се споменуваат уште во 18 век, иако брускети со домати се консумираат уште од 16 век.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП