28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЈаткастите плодови ни помагаат да не се здебелиме?

Јаткастите плодови ни помагаат да не се здебелиме?

Претходните истражувања веќе сугерираа на тоа дека редовното консумирање на јаткасти плодови редовно помага во спречување на кардиоваскуларни заболувања, а неодамнешните истражувања покажаа дека оревите, бадемите, лешниците, како и кикириките ги намалуваат шансите да се здебелиме како што минуваат годините.

Научниците дошле до овој заклучок со анализирање на податоците од повеќе истражувања во кои учествувале над 140.000 возрасни мажи и жени.

Анализите покажаа дека со зголемување на внесот на јаткасти плодови за половина порција (15 грама) дневно можеме да го намалиме ризикот од стекнување 2 или повеќе килограми за период од 4 години. На овој начин, исто така може да се намали ризикот од дебелина за 15 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП