2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle воведува сопствени кредитни картички

Google воведува сопствени кредитни картички

googlewallet1

Во момент кога плаќањето преку мобилните телефони станува се почесто, „Google“ оди еден чекор назад, односно и се враќа на пластиката. Според шефот на „Google Wallet“, Осами Бедиер, „Google“ го променил својот став и мислењето за плаќањето преку мобилните телефони.

Бедиер објави дека „Google“ ќе го промовира новиот начин на плаќање со „Google Wallet“ во ноември.

Новиот начин, иако сеуште не и е достапен на јавноста, би требало, според информациите од оваа компанија, да изгледа како плаќање со обична кредитна картичка.

Значи, вашата банкарска или кредитна картичка ќе ја пријавите на својата сметка на сервисот „Google Wallet“. Потоа „Google“ физички ќе ви ја испрати вашата пластична „Google Wallet“ картичка, која при купување ќе ја користите како било која друга картичка. Нормално, трговците, средствата ќе ги превземаат од вашата банкарска или кредитна картичка.

Звучи комплицирано? Всушност не е. Сличен ваков систем претходно престави и „PayPal“, но тој важеше само во Америка.

Имено, и тие на своите корисници им понудија пластични картички кои беа поврзани со нивната „PayPal“ сметка. Но, корисниците не го прифатија многу добро овој систем.

Вистинското прашање е зошто некој доброволно би му ги дал на „Google“ податоците од својата картичка и зошто наместо неа би ја користел „Google Wallet“ картичката? Во „Google“ се надеваат дека посебните понуди кои се во подготовка ќе ги привлечат корисниците на оваа промена.

А можеби на некои лица ќе им се допадне идејата во својот паричник да не носат 10 картички, туку само оваа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП