12 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТрчањето во текот на есента може да биде забавно со неколку едноставни...

Трчањето во текот на есента може да биде забавно со неколку едноставни совети

Топлината и метежот кое летото ги носи често се најголема пречка за сите оние кои сакаат да започнат да трчаат.

Поради тоа, заладувањето кое доаѓа со есента е совршена можност да скокнете во патики и конечно да започнете да се занимавате со оваа активност. Експериментирајте со истражување нови рути за трчање. Внимателно погледнете ја картата на градот и испланирајте нова рута по која ќе се движите, за да низ вежбање во исто време го истражувате градот во кој живеете.

Обврнете внимание, не можете да трчате во било каква облека. Есента носи посвежи утра и повеќе дожд, поради тоа морате да ги зголемите слоевите на облека кои ги носите. Посетете продавници за спортска облека и обезбедете совршена облека која вашите денови за трчање на пониски температури ќе ги направи безболни. Освен тоа, не заборавајте дека хидратацијата е исклучително важна, дури и за време на есента, затоа со себе секаде носете шише вода за телото секогаш да биде доволно хидрирано.

Поставете нови цели и предизвици, настојувајте пред крајот на годината да направите одлични резултати кои ќе ве инспирираат да влезете во почетокот на следната година задоволни со своите успеси и подготвени за уште поголеми победи. За крај, гледајте временска прогноза и во склад со неа испланирајте ги своите тренинзи распределувајќи ги така на оние што ќе ги правите надвор и оние внатре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП