2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДокажано е дека музиката позитивно влијае на резултатите!

Докажано е дека музиката позитивно влијае на резултатите!

Многу рекреативни спортисти за време на вежбање слушаат музика со слушалки во уво и во тоа нема ништо лошо, сметаат научниците кои се занимаваат со применета научна дисциплина, психологија на спорт и вежбање.

Истражувањата покажуваат дека музиката позитивено влијае на спортските резултати, изјави Инго Фробос, директор на Центарот за здравје преку спорт и вежбање во германската школа за кинезиологија во Келн. Тоа посебно се однесува за вежби со постојан ритам, како што се трчање или возење велосипед.

„Музиката, на пример, го одвлекува тркачот од напорот, насочувајќи го кон околината и создава позитивно расположение“, истакнува Фробос.

Поради ова спортистите тренингот го доживуваат помалку напорен, а тоа ја зголемува нивната ефикасност. Музиката во исто време на тркачите може да им помогне во одржување на ритамот на трчање и придонесува за поопуштено трчање. Нивното дишење е подлабоко и ритмичко, при што мускулите добиваат повеќе кислород.

Фробос предупредува дека во некои случаи не е добра идеја да вежбате со музика, бидејќи ефектот на вежбите во некои случаи се намалува. Затоа препорачува секој трет тренинг да се одвива без музика.

Почетниците ги советува да водат сметка за тоа, темпото и интензитетот на музичкиот избор да не биде премногу брз бидејќи во спротивно може да дојдат во искушение да ги надминат границите на сопствените можности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП