20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНови правила на Instagram- реклами за слабеење недостапни за малолетни лица

Нови правила на Instagram- реклами за слабеење недостапни за малолетни лица

Популарната платформа за споделување фотографии на Instagram воведува нови правила за корисниците кои промовираат производи за слабеење и козметичка хирургија.

Според новите регулативи, некои објави нема да бидат достапни за малолетни корисници, додека други кои промовираат „чудесни“ производи за слабеење ќе бидат избришани.

Таквите промени, исто така ќе се однесуваат и на Facebook, кој е сопственик на Instagram.

BBC потсетува на се поголемата загриженост поради влијанието кои производите за слабеење можат да го имаат врз младите ширум светот.

Актерката Џамила Џамил изјави дека ова е голема победа во борбата против диети и “детокс” индустријата.

„Со заземање став за заштита на физичкото и менталното здравје на интернет, Facebook и Instagram испраќаат важна порака до светот“, порача Џамил.

Таа јавно ги критикуваше светски познатите инфлуенсери за промовирање чаеви и други производи наменети за детоксикација односно чистење на телото, од кои многумина имаат само лаксативни ефекти.

Instagram ќе ги отстрани објавите во кои се промовира брзо и нереално слабеење, а корисниците исто така ќе можат да пријават содржина за која сметаат дека ги крши новите правила.

Потоа Instagram ќе одлучи дали таквата содржина ќе биде скриена или отстранета.

„Сакаме Instagram да биде позитивно место за сите кои го користат и оваа политика е дел од нашите напори да го намалиме притисокот кои луѓето понекогаш можат да го почувствуваат на социјалните мрежи“, порача Ема Колинс, менаџер за јавна политика на Instagram.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП