Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,497.54 0.01%    GRNT 979.40 -0.16%    KMB 5,847.27 -1.04%    M080834D 100.00 0%    MPT 67,000.00 -0.18%    MTUR 4,450.00 0%    REPL 80,000.00 -2.44%    RZLE 13.00 0%    SBT 2,850.00 -4.94%    STB 1,149.39 1.46%    STIL 58.58 -7.02%    TEL 316.00 -0.94%    TNB 16,300.00 0.93%    TTK 1,200.00 -0.41%    UNI 2,080.25 2.93%    

Современи електронски звуци од странски и домашни изведувачи на Telekom Electronic Beats Picnic

Време: 09:56

Датум: септември 19, 2019

Категорија: КУЛТУРА

Telekom Electronic Beats Picnic – големата журка под отворено небо, што ќе се случи во градскиот парк на 21 септември, нуди целодневна забава со модерни електронски звуци од странски и голем број домашни изведувачи во комбинација со изложби на ликовни артисти и дизајнери.

Сетот на францускиот диџеј Лудовик Лорка (попознат по сценските имиња Llorca и Art of Tones) почнува на зајдисонце, во 18:00 часот. Тој е еден од носителите на современиот таканаречен„nu jazz“ звук, кој претставува комбинација на електронска музика со игриви и динамични џез, фанк и соул семплови. Во изминатите 20 години Llorca си играше со звуците, креираше уникатни парчиња музика и спојуваше различни жанрови, а од 2005 почна да издава музика под псевдонимот Art of Tones, за кој тој самиот вели дека треба да ја прикажува „посветлата страна од музиката“.

За вечерта, во 22:00 часот, е закажан сетот на американскиот диџеј Edward McKeithen, попознат кај нашата публика како Jus Ed, кој ќе нѐ воведе во неделата, односно последниот ден од летото. Неговата кариера се протега низ цели четири децении и во светот на електронската музика Jus Ed е име познато како „чувар на андерграундот“, поради неговото настојување да поддржува нови, непознати артисти кои се исфрлени од музичката индустрија. Како едно од најважните имиња во светот на хаус и електронската музика, гостувањето на Jus Ed пред скопската публика ќе биде проследено со големо внимание, посебно поради фактот што тој за првпат доаѓа во Македонија.

Секако, настанот не може да помине без диџеите од домашната електронска сцена. На сцената во Градскиот парк ќе настапат Алек Солтиров, Андреј Мицајков, Еми Ермилова, Бодан Јамакоски, Виктор Апостолски, Зоки Бејбе, Mileskaya, Mosaik Kollektif, Роботек, Скопски Грув DJs и Чваре. Некои од имињата се добро познати кај публиката, а некои од нив се нови, интересни диџеи чие време допрва доаѓа. Telekom Electronic Beats постојано застанува во поддршка на локалните артисти со цел да го сврти вниманието кон нив и да ја поттикне и прошири домашната електронска музичка сцена.

Сите оние кои не можат да присуствуваат на настанот ќе имаат можност да проследат неколку од музичките сетови преку стрим во живо на Facebook страната на Telekom Electronic Beats, што е уште еден доказ дека светот станува подобро место кога технологијата работи во корист на сите, односно кога ја употребуваме за нешто добро.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Филмската индустрија во проблеми, ќе биде забрането снимањето љубовни сцени

    Филмската индустрија во проблеми, ќе биде забрането снимањето љубовни сцени

    Странските медиуми пишуваат дека снимањето љубовни сцени во Холивуд ќе биде забрането за да се спречи ширењето на коронавирусот. Аманда Блументал, чие занимање е да…

  • Културните работници ќе добијат помош од 14.500 денари

    Културните работници ќе добијат помош од 14.500 денари

    Сите културни работници во земјава ќе добијат помош од 14.500 денари за април и мај, одлучи Владата. „Владата ја донесе Уредбата со законска сила за…

  • Друштвото на филмските работници на Македонија одбележува 70-годишнина

    Друштвото на филмските работници на Македонија одбележува 70-годишнина

    Друштвото на филмските работници на Македонија одбележува 70 години од своето постоење. Друштвотото на филмските работници на Македонија е основано на 21 мај 1950. Тоа…

  • Мет Дејмон доаѓа во Србија да снима филм на тема коронавирус

    Мет Дејмон доаѓа во Србија да снима филм на тема коронавирус

    Еден од најплатените актери во светот, Мет Дејмон (49), би требало наскоро да дојде во Србија, а причината е снимањето на филм чија тема е…

  • „Современи бајки од Македонија“ –  нов проект на Движењето за креативност „Иво Лауренчиќ“ и „Арс ламина“

    „Современи бајки од Македонија“ – нов проект на Движењето за креативност „Иво Лауренчиќ“ и „Арс ламина“

    По големиот успех на изданијата „Бајки од Македонија“, Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ во соработка со издавачката куќа „Арс ламина“…

  • Специјалната епизода на „Пријатели“ во живо пред публика

    Специјалната епизода на „Пријатели“ во живо пред публика

    Фановите можеби ќе треба да чекаат есен за повторна средба на тимот на „Пријатели“ за специјалната епизодата бидејќи директорите на „Ејч-би-оу Макс“ се надеваат дека…

  • Бетмен и Спајдермен настрана, овие се новите суперхерои

    Бетмен и Спајдермен настрана, овие се новите суперхерои

    Бетмен и Спајдермен ги стави на страна, а негов омилен омилен суперхерој претставува медицинската сестра Муралот кого никого не остави рамнодушен од присутните, па и…

  • Онлајн Мајски оперски вечери 2020

    Онлајн Мајски оперски вечери 2020

    Оваа година Мајските оперски вечери ќе бидат одбележани на еден поинаков начин. На официјалниот јутјуб-канал публиката ќе има има можност да проследи 10 продукции на…

  • „Македокс“ почнува партнерство со три етаблирани фестивали за документарни филмови

    „Македокс“ почнува партнерство со три етаблирани фестивали за документарни филмови

    Фестивалот за документарни филмови „Македокс“ е дел од нова мрежа во која учествуваат фестивали од Германија, Шпанија и Франција. Мрежата е именувана Фестдокс нетворк, а…

  • Неверојатна трансформација на англиската пејачка Адел (фото)

    Неверојатна трансформација на англиската пејачка Адел (фото)

    Адел во вторникот сподели фотографија во комплетно ново издание по неверојатното губење на 45 килограми, пренесуваат британските таблоиди. Во една од ретките објави на Инстаграм,…