26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai и Rimac работат на проект суперавтомобил

Hyundai и Rimac работат на проект суперавтомобил

Овој мај Hyundai и Kia станаа, со околу 80 милиони евра, едни од главните инвеститори во Rimac Automobili и еден од сопствениците на оваа компанија.

Соработката за развој на нови технологии и привлечни автомобили веќе започна, како што сведочи шефот на истражување и развој во Hyundai, Алберт Биерман. Тој ексклузивно за американскиот портал CarBuzz оваа недела на саемот за автомобили во Франкфурт потврди дека Rimac и Hyundai работат на електричен суперавтомобил.

„Супертајниот проект со Rimac ќе се произведува во многу ограничена серија“, изјави Биерман.

Кога го потпишаа договорот за инвестиција од Hyundai, најавија дека една од целите на соработката ќе биде „развој на електричен спортски автомобил со централно сместен погон од марката Hyundai N“.
Втората објава се однесуваше на хибридно возило со високи перформанси со погон на водород и електричен погон.

Биерман дополнително порача и дека неодамна ја посетил компанијата Rimac и дека засега многу е задоволен од плодната соработка. „Нивото на технологија во Rimac е многу високо. Во согласност со нашето верување дека ништо не е невозможно “, додаде тој.

На последна изјава на својот Facebook се пофали и Мате Римац, додавајќи дека Биерман во Hyundai дошол од реномираниот „М“ одел на BMW, и дека сега под него работат околу 20.000 инженери.

Hyundai минатата година го претстави Genesis Essentia Concept, па шпекулациите говорат како овој таен проект би можел да биде развој на производен модел заснован на тој концепт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП