20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМеркел на саемот на автомобили: Инвестирајте во електрични автомобили

Меркел на саемот на автомобили: Инвестирајте во електрични автомобили

Германската канцеларка Ангела Меркел, отворајќи го во четвртокот Меѓународниот автомобилски саем во Франкфурт, ги повика производителите на автомобили повеќе да инвестираат во електрични возила.

,,Високата мобилност ќе има своја цена доколку не се произведат поефикасни, климатски прилагодени возила”, изјави Меркел.

Таа посочи дека автомобилската индустрија се соочува со „Херкулска задача“ во обид да се создаде поодржлив начин на патување.

Канцеларката предупреди дека намалувањето на јаглерод диоксидот од вкупниот обем на сообраќај не е забележано уште од 1990 година.

Меркел ја повика автомобилската индустрија да инвестира повеќе во производство на поевтини и поодржливи електрични автомобили.

Deutsche Welle наведува дека недовербата и незаинтересираноста биле очигледни на отворањето на Саемот за автомобили.

Годишната манифестација во Франкфурт привлече 1.000 излагачи минатата година, но годинава тој број се спушти на 800, а саемот се одржува во помала сала.

Вниманието на медиумите беше насочено кон демонстрантите кои протестираат против автомобилската индустрија отколку на самиот настан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП