29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали е здраво да се јаде храна која не е од наше...

Дали е здраво да се јаде храна која не е од наше поднебје? Еве што велат експертите?

Дали е здраво да се купи храна која не е од наш регион?

Дали потеклото на намирниците е поважно од неговата хранлива вредност, односно колку ни треба храна која расте во егзотични области?

Многу повеќе внимание се посветува на хранливата вредност на намирниците отколку на нивното потекло, предупредува Американката Кетрин Гронауер, овластен здравствен тренер.

Купуваме, на пример, тропски асаи бобинки или хималајски гоџи бобинки бидејќи имаат одличен состав, а без да размислуваме за тоа дека живееме во сосема друга клима од онаа во која тие растат.

Ако намирниците не растат во регионот во кој живееме, според т.н. теорија на енергија на храна од кинеската медицина, тоа нема да ни даде вид на енергија која ни е потребна.

Како што објаснува Гронауер, растенијата одгледани во потоплите клими, природата создадала да му помога на телото внатрешно да се хидрира и да се олади, додека оние кои растат во постудени клими, како што е коренест зеленчук, го загреваат телото.

– Без оглед на хранливата вредност на храната, наш приоритет би требало да биде консумација на локално одгледувана и сезонска храна која ќе ни помогне најдобро да се прилагодиме на нашите климатски услови – потенцира Гронауер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП