10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКои јаглени хидрати треба да ги јадете секој ден?

Кои јаглени хидрати треба да ги јадете секој ден?

Велат дека јаглехидратите се нашиот најголем непријател и кои се виновни за зголемување на килограмите. Но, дали е тоа точно?

Постојат јаглени хидрати без кои нашето тело не може правилно да функционира и тие би требало секој ден да бидат на нашето мени.

Црн леб и макарони

Овие производи содржат влакна и потребно им е помалку време да се обработат, така што ќе обезбедат да останеме подолго сити. Тоа значи дека енергијата на јаглехидратите ќе се троши побавно, а ние ќе имаме енергија долго време. Во исто време содржат и витамин Б, кој е важен за метаболизмот.

Грав и други мешунки

Црниот грав, леблебија и леќа содржат многу фолна киселина, магнезиум, влакна и калиум. Сите овие елементи ни помагаат да го намалиме шеќерот во крвта, да го подобриме нивото на холестерол и целокупното здравје.

Овошје

Овошјето не асоцира на ништо со јаглени хидрати, но поради шекерот, сето тоа спаѓа во оваа категорија. Плодовите се полни со витамини, минерали и антиоксиданти. Избегнувајте купување на неоргански праски, јагоди, грозје, јаболка, боровинки и цреши, бидејќи може да имаат повеќе пестициди.

Зимски тикви

Зимските тикви се полни со влакна и хранливи материи, како што е бета-каротен, што ни помага да го подобриме видот и витаминот А кој се грижи за здравјето на белите дробови. Имаат и витамин Ц кој спречува формирање на брчки и го подобрува имунолошкиот систем.

Житарки од цели зрна

Меѓу нив се кафеавиот ориз и овесот. Тие се најздрави јаглени хидрати, затоа што нашиот организам брзо ги вари.

Кои јагленохидрати треба да ги избегнуваме?

Бел леб, бел ориз, чипс, житарки и закуски кои имаат маснотии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП