26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНЕВЕРОЈАТНАТА ПРИКАЗНА ЗА ЏИНОВСКАТА КРУША од данскиот автор Јакоб Мартин Стрид

НЕВЕРОЈАТНАТА ПРИКАЗНА ЗА ЏИНОВСКАТА КРУША од данскиот автор Јакоб Мартин Стрид

Животот си тече мирно како река, сè додека Мичо и Себастијан, наместо риба, не уловат порака во шише со своите трски за риболов.

Дали писмото навистина е од Еремија, градоначалникот на Сончев Град, кого никој го нема видено веќе цела година? Постои ли Мистериозниот Остров? Како да се заобиколат пиратите, Страшниот Морски Змеј и Катран Црното Море? И ништо помалку важно: Што ќе се случи доколку го насадат семето што стигнало заедно со писмото во шише?

Одговорите ќе ги најдете во оваа возбудлива и бајковидна сликовница роман за деца од сите возрасти.

Јакоб Мартин Стрид, авторот и илустратор на оваа сликовница, е роден во 1972 година во Копенхаген, Данска. Станал познат стрип-цртач во дневниот весник „Политикен“. Неговиот бунтовнички, хумористичен и поетски дух продолжил да се развива и во книгите за деца, кои многу бргу ја освоиле детската публика, не само во Данска туку и во целиот свет.

Во 2010 година ја освоил наградата за најдобри илустрации на Министерството за култура на Данска. Во 2012 година ја добил и значајната национална награда „The Crown Prince Couple’s Culture Prize“.

Македонското издание на книгата е преведено од Лара Крстева-Ичокаеваграфички уредено од Марко Трпески, а финансиски поддржано од програмата Креативна Европа на Европската Унија, Министерството за култура на Република Македонија и Данската уметничка фондација.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП