Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,115.52 -0.08%    GRNT 1,010.00 -2.42%    KMB 5,900.91 0.01%    MPT 72,010.00 -0.01%    RMDEN18 98.70 0%    STIL 91.00 -1.09%    TEL 306.00 -0.57%    TNB 16,600.00 0%    

Четврт век од премиерата на „Пред дождот“ на Милчо Манчевски

Време: 15:05

Датум: септември 2, 2019

Категорија: КУЛТУРА

Вчера се навршија 25 години од премиерното прикажување на дебитантскиот филм „Пред дождот“ на Милчо Манчевски на Филмскиот фестивал во Венеција (La Biennale di Venezia), или популарната Мостра, како што го нарекуваат најстариот филмски фестивал во светот.

Како што е добро познато, Манчевски во Венеција се закити со „Златниот лав“ и уште неколку награди. „Пред дождот“ потоа нанижа триесетина награди на светската фестивалска мапа, а филмот освои и номинација за Оскар во категоријата најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, станувајќи најнаградуван филм во историјата на македонската кинематографија.

„Пред дождот“ е во продукција на Полиграм, Аим Продакшн, Ное Продакшн и Вардар филм – Скопје. Во својата филмска нарација содржи три целини поврзани меѓу себе. Тие се насловени како „Зборови“, „Лица“ и „Слики“. Сценариото е на Манчевски, кинематографер е Мануел Теран, монтажер Николас Гастер, а главните улоги ги толкуваат Раде Шербеџија, Грегоар Колан, Лабина Митевска, Кетрин Картлиџ, Јосиф Јосифовски, Кирил Ристоски…

„Кога снимаш филм, мораш да насочиш бесен ѕвер кој се состои од пари, опрема и его, до крајната цел – она особено нешто кое некако успева да ти го допре срцето и да те натера да размислуваш “, се вели во воведот на „Писма од Пред дождот“ од Милчо Манчевски / Letters from Before the Rain (Criterion DVD) by Milcho Manchevski.

„Рецепт за добар филм-мистерија по правило е оној, во кој коцките на сегментите на нелинеарното дејствие во финишот ќе се склопат во складна и логична целина. ‘Пред дождот% е генијален во неговиот радикално поинаков пристап: неговите сегменти совршено не се вклопуваат“, напиша критичарот Драган Лековиќ по повод 25 години од премиерата на „Пред дождот“.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

Еден одговор за Четврт век од премиерата на „Пред дождот“ на Милчо Манчевски

  1. Пингбек: Четврт век од премиерата на „Пред дождот“ на Милчо Манчевски - ММС

  • Азиска премиера на „Врба“ на фестивал во Тајпеј

    Азиска премиера на „Врба“ на фестивал во Тајпеј

    Филмот „Врба“ во режија на Милчо Манчевски продолжува да го освојува и азискиот дел од светот. Азиската премиера ќе биде на 13 ноември во Тајпеј,…

  • Отворено првото бесплатно училиште за музика, уметности и вештини за деца во социјален ризик

    Отворено првото бесплатно училиште за музика, уметности и вештини за деца во социјален ризик

    Здружението  ,,Проект Среќа“,   месецот на детето- ноември, го започна со долгоочекуваниот проект- Прво бесплатно училиште за музика, уметности и вештини ,,Гитари Дирки и Свирки“ Целта…

  • European Film Challenge ќе се претстави на Cinedays 2019

    European Film Challenge ќе се претстави на Cinedays 2019

    Во тек е првиот европски филмски предизвик или European Film Challenge што ќе биде претставен во рамки на придружната програма на филмскиот фестивал – Cinedays…

  • „Тајните архиви на Скопје“ на 13 ноември во КИЦ

    „Тајните архиви на Скопје“ на 13 ноември во КИЦ

    Kраткиот филм за Скопје, насловен „Тајните архиви на Скопје”, премиерно ќе се прикаже на 13 ноември во 18 часот во Кинотеката на Северна Македонија. Носител…

  • Женската верзија на „Врба“ во „Синеплекс“, а машката во „Милениум“

    Женската верзија на „Врба“ во „Синеплекс“, а машката во „Милениум“

    По светската премиера на Филмскиот фестивал во Рим, филмот „Врба“ и Милчо Манчевски се враќаат дома. За денеска е закажана премиера на филмот во Македонска…

  • Почнува третиот Истражувачки филмски фестивал – Скопје

    Почнува третиот Истражувачки филмски фестивал – Скопје

    Филмови, дебати, работилници посветени на медиумите и новинарството во дигиталната ера ќе понуди третиот Истражувачки филмски фестивал – Скопје (ИФФС), кој ќе почне вечер во…

  • „Ред сафари“ – нов сингл на Кирил Џајковски, дел од саундтракот за филмот „Врба“(видео)

    „Ред сафари“ – нов сингл на Кирил Џајковски, дел од саундтракот за филмот „Врба“(видео)

    Синглот „Ред сафари“ на Кирил Џајковски е дел од саундтракот за филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски. Синглот и видеоспотот излегуваат истовремено со успешната светска…

  • „Медена земја“ во 30 градови низ Македонија

    „Медена земја“ во 30 градови низ Македонија

    Кинодиструбуцијата на документарецот „Медена земја“ (Honeyland) продолжува со нови датуми и градови низ Македонија. Проекциите што се одржаа минатите недели во дваесетина градови предизвикаа огромен…

  • „Господ постои, името и’ е Петрунија” викендов освои награди на три фестивали

    „Господ постои, името и’ е Петрунија” викендов освои награди на три фестивали

    Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар-Митевска изминатиот викенд се закити со уште три престижни награди. На штотуку завршениот фестивал All About…

  • Светска премиера на „Врба“ на Манчевски на фестивалот во Рим

    Светска премиера на „Врба“ на Манчевски на фестивалот во Рим

    Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде вечерва на Филмскиот фестивал во Рим, Италија, во рамките на третата фестивалска вечер. Годинава, во…