26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако изгледа да возите 420 километри на час? (видео)

Како изгледа да возите 420 километри на час? (видео)

Максималната брзина на моделот на Bugatti, Chiron Sport беше само уште еден податок на парче хартија, а сега за прв пат некој надвор од оваа фабрика одлучи да го тестира во реалноста.

Bugatti Chiron е еден од најскапите и најексклузивни спортски автомобили на денешницата, а неговата Sport варијанта е олеснета и дополнително унапредена како би имала уште подобри перформанси на тркачката патека. Chiron Sport за погон го користи истиот мотор како и „обичниот“ Chiron, 8,0-литарски W16 со 4 турбополначи и 1.500 коњски сили, додека максималниот вртежен момент изнесува 1.600 Nm.

Доколку сакате да го возите овој автомобил со максимална фабричка декларирана брзина, ќе морате да одите на специјална лента за тестирање, со должина од неколку километри. Во вакви екстремни брзини навистина ви треба многу простор и тоа не само забрзување, туку и за забавување и запирање на автомобилот.

Едно од такви места е тест патекатa на Volkswagen, Ehra-Lessein во Германија, со правец на должина од 8,7 км. Зад воланот на Chiron Sport е главниот уредник на магазинот Top Gear, Чарли Тарнер, кој сакаше да го провери во пракса податокот за максималната брзина од 420 км на час. Како тоа изгледаше и колку брзо возеше, погледнете во видеото:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП