4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTesla ја ''освојува'' Источна Европа

Tesla ја ”освојува” Источна Европа

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla продолжува да ја проширува својата продажна мрежа во Европа.

Tesla aвтомобилите сега можат да се купат во уште четири земји – Полска, Унгарија, Романија и Словенија.

Тоа значи дека државјаните на овие четири земји можат да нарачаат Model 3, Model S или Model X преку интернет, а првите испораки се очекуваат на почетокот на 2020 година.

Почетна цена за Model 3 е 39.500 евра за верзија со задни тркала и стандардна автономија, додека варијанта со два електромотори и погон на сите тркала чини 48.200 и 53.000 евра кога станува збор за најмоќната изведба.

Model S може да се купи за 78.580 или 86.580 евра, а за кросовер Model X е потребно да издвоите 90.480 евра.

Словенија дава субвенции за набавка на електрични автомобили во износ од 7.500 евра.

Со продажбата во наведените земји не пристигнува истовремено и сервисната мрежа. Најблиските градови во кои Словенците ќе можат да го сервисираат својот Tesla се Грац и Салцбург во Австрија, и во Падова, Италија, а наскоро ќе биде отворен во Будимпешта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП