18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСкарлет Јохансон на врвот на листата на Forbes за најплатени актерки во...

Скарлет Јохансон на врвот на листата на Forbes за најплатени актерки во светот

Скарлет Јохансон е втора година на врвот на листата на Forbes најдобро платени актерки, но се наоѓа дури на осмото место на најплатени севкупно кога станува збор за филмската индустрија.

Имено, оваа 34 годишна актерка има годишна заработка од 56 милиони долари и се наоѓа под седмо рангираниот актер Адам Сендлер. Таа заработила 15,5 милиони долари повеќе отколку во 2018 година, голем дел благодарение на успехот на филмот Avengers: Endgame.

Актерката Софија Вергара е единствената жена покрај Јохансон која се проби на првите десет позиции најплатени луѓе во светот на филмот.

Претходно оваа недела, Двејн Рок Јохнсон е прогласен за најплатен актер во последните 12 месеци заработувајќи 89,4 милиони долари, според најновиот годишен ранг на финансиските експерти.

Значајно е дека сите десет најплатени актерки заработиле повеќе од 20 милиони долари, за разлика од минатата година кога само две лица, Скарлет Јохансон и Анџелина Џоли, ја заработија оваа сума, објави BBC News.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП