Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,322.35 0.93%    KMB 6,202.99 -0.46%    MPT 64,939.86 -0.09%    OHB 4,650.00 1.09%    RZLV 38.00 -5%    RZUS 55.70 9.22%    SBT 2,707.00 6.12%    TEL 318.00 2.91%    TNB 17,400.00 0.29%    ZPKO 2,270.00 0%    

По 20 години од првиот филм најавено четврто продолжение на „Матрикс“

Време: 10:29

Датум: август 21, 2019

Категорија: КУЛТУРА

Официјално е најавено четврто продолжение од култната научно-фантастична трилогија „Матрикс“ во кое ќе биде вклучен најголем дел од тимот кој работеше и на претходните три филма. Според холивудските медиуми, од продукцијата „Ворнер Борс“ веќе потврдиле дека Кеану Ривс и Кери-Ен Мос се подготвени да ги повторат своите улоги како Нео и Тринити, додека Лана Вашовски ќе го напише и режира филмот.

„Премногу сме возбудени што повторно ќе влеземе во матриксот со Лана“, изјави претседателот на „Ворнер Брос пикчр груп“, Тоби Емерих.

„Лана е вистински визионер – единствен и уникатен креативен режисер – и ние сме воодушевени што таа го пишува, режира и продуцира ова ново поглавје во универзумот ‘Матрикс’“, додал тој во изјавата која ја пренесе IGN.

Трилогијата „Матрикс“ е креирана од Лана и нејзината сестра Лили Вашовски (кои пред промената на полот беа браќата Лери и Енди), а првиот филм беше вистински хит во кино-салите пред точно 20 години во 1999 година.

Филмот брзо стана феномен, па во 2003 следуваа и две продолженија, „Матрикс рилоудед“ и „Матрикс револушнс“ (напишани и режирани од дуото Вашовски), како и еден засебен анимиран филм насловен „Аниматрикс“.

„Многу идеи што Лили и јас ги истражувавме пред 20 години за нашата реалност како човештво сега се уште порелевантни. Многу сум среќена што ги враќам овие ликови во мојот живот и сум благодарна за шансата одново да работам со моите брилијантни пријатели“, нагласува Лана Вашовски во кратката пишана изјава.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Макартни вели дека тој и Ленон останале пријатели до крајот

    Макартни вели дека тој и Ленон останале пријатели до крајот

    Сер Џејмс Пол Макартни верува дека луѓето погрешно ја просудуваат неговата улога во распадот на „Битлси“. Тој е свесен дека многу фанови мислат членовите на…

  • Почина писателката Исидора Бјелица

    Почина писателката Исидора Бјелица

    Писателката и ТВ-водителка Исидора Бјелица почина денеска во Белград на 52 години, потврди издавачката куќа „Лагуна“. Бјелица е родена во Сараево на 10 декември 1967…

  • Отворено 60. јубилејно издание на „Охридско лето“

    Отворено 60. јубилејно издание на „Охридско лето“

    Со концерт насловен „Вокални бисери – по стапките на Ана Липша“, посветен на нашата оперска примадона Ана Липша Тофовиќ, во изведба на солистите Марија Јелиќ…

  • Воведена нова категорија на „Ем-ти-ви“наградите – најдобро карантинско видео

    Воведена нова категорија на „Ем-ти-ви“наградите – најдобро карантинско видео

    Поп-sвездите Аријана Гранде и Лејди Гага водат на листата моќни девојки номинарани за наградата најдобро музичко видео (MTV Video Music Awards), а телевизискиот музички канал…

  • Опра Винфри со нова серија разговори на „Епл ТВ-плус“

    Опра Винфри со нова серија разговори на „Епл ТВ-плус“

    Опра Винфри се враќа на својот формат на ток-шоу со нова серија на „Епл ТВ плус“, чии што први епизоди ќе се фокусираат на расизмот…

  • Концерти на Амира Медуњанин, Дарко Рундек и Жељко Бебек во Хераклеа

    Концерти на Амира Медуњанин, Дарко Рундек и Жељко Бебек во Хераклеа

    Амира Медуњанин, Дарко Рундек и Жељко Бебек ќе настапат во август во Хераклеа, Битола. Зад концертите стои „Авалон продукција“, од каде велат дека се потрудиле…

  • Почна 50. Републички фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“

    Почна 50. Републички фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“

    Со изложба на фотографии „За живот на традицијата – 50 години ЦИОФФ“, синоќа во Битола почна 50. јубилјено издание на Републичкиот фестивал на народни игри…

  • Идрис Елба ќе добие специјална награда „Бафта“

    Идрис Елба ќе добие специјална награда „Бафта“

    Британскиот актер Идрис Елба на крајот на овој месец ќе добие едно од највисоките почести што ги доделува британската академија за филмска и телевизиска уметност…

  • Кралицата Елизабета одбележува 25.000 дена на престолот

    Кралицата Елизабета одбележува 25.000 дена на престолот

    Британската кралица Елизабета одбележува 25.000 дена како е на престолот, или 68 години, пет месеци и 12 дена од нејзиното крунисување на 6 февруари 1952…

  • Сцената од „Сплетки“ прогласена за најдобар момент во историјата на телевизијата(видео)

    Сцената од „Сплетки“ прогласена за најдобар момент во историјата на телевизијата(видео)

    Сцената во која Делбој Тротер во легендарната серија „Сплетки“ пропаѓа низ отворен шанк е прогласена за најдобар момент во историјата на телевизијата. Тоа е сцена…