25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако пропадна аукцијата за најскапиот автомобил на сите времиња (видео)

Како пропадна аукцијата за најскапиот автомобил на сите времиња (видео)

Аукциските куќи ретко прават грешки, меѓутоа, тоа што поради неускладеност се случило со познатата аукциска куќа Sotheby’s веројатно е најголемиот неуспех досега.

Голема грешка направија токму кога го продаваа најскапиот автомобил на сите времиња, Porsche Type 64.

Како прво, наместо најавената почетна цена од 20 милиони долари, аукцијата започна со 30 милиони долари. Меѓутоа, почетната сума не беше најголемиот проблем тој ден.

Откако цената вртоглаво започна да се зголемува и кога достигна конечни 70 милиони долари, на екранот одеднаш се покажа сума од 17 милиони долари.

Ваква невидена грешка дојде поради акцентот на водителот на аукцијата. Имено, операторот на екранот погрешно го слушнал водителот на аукцијата, и внел 30 милиони наместо 13, 40 наместо 14, и така натаму…

Во тој момент, сите заинтересирани купувачи почнаа френетично да викаат и да ја напуштаат просторијата, а долгоочекуваната аукција во тој момент беше прекината.

Имено, Porsche Type 64 е познат спортски модел на автомобили кој е произведен пред почетокот на Втората светска војна, а денес е единствениот преостанат примерок на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП