Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,731.73 1.71%    BESK 8,200.00 0.13%    GECK 500.00 0%    GECT 500.00 0%    GRNT 949.73 -0.03%    KMB 5,585.97 -0.2%    MPT 67,188.50 1.05%    MTUR 5,305.51 0.1%    OKTA 4,504.00 -0.11%    STB 1,200.00 0%    STIL 100.00 0%    TEL 300.00 0%    TKVS 5,350.00 0.94%    TNB 16,816.26 0.09%    

Струшките вечери на поезијата стануваат четиријазични

Време: 14:10

Датум: август 19, 2019

Категорија: КУЛТУРА

Струга, задутре, 21 август, 58. пат, ќе стане сцена на една од најголемите и најпрочуени културни манифестации во земјата, но и пошироко – поетскиот фестивал Струшките вечери на поезијата.

Во годинешното издание ќе учествуваат 32 странски и 30 домашни поети, програмата на фестивалот има 52 настана, а покрај Струга како град домаќин, каде што ќе се одржат најголем дел од настаните, поетите во рамките на програмата „Поезија на пат“ ќе се претстават и во Охрид, Калишта, Куманово, Велес, Прилеп, Небрегово и во Скопје.

Една од новините во фестивалската содржина, за која организаторите сметаат дека ќе стане значителен белег на светски познатиот фестивал, е „Поетската порака“. Автор на годинешната „Поетска порака“, која ќе биде прочитана на церемонијата на отворањето на фестивалот, е истакнатиот македонски поет Влада Урошевиќ, на кој по повод осумдесет и петгодишниот јубилеј во рамките на програмата му е посветен посебен термин за поетски портрет.

Покрај ова, фестивалот Струшките вечери на поезијата, годинава, во своето 58. издание, ќе им понуди на учесниците и на публиката уште неколку новитети. Најпрвин фестивалот ќе стане четиријазичен – покрај на македонски и англиски, главните читања на фестивалот ќе бидат и на албански и француски јазик. Повеќето од настаните ќе бидат пренесувани во живо на официјалниот канал на „Јутјуб“. За главните фестивалски настани – гала-отворањето и за затворањето на фестивалот – ќе биде обезбеден превоз од Скопје преку два правца: Скопје -Кичево – Струга и Скопје – Велес – Битола – Струга, а по завршувањето на настанот, ќе има враќање истата вечер.

Како новитет Струшките вечери на поезијата годинава преку повикот за волонтери отвори можност за млади луѓе, вљубеници во пишаниот збор, да се ангажираат во логистичкиот дел на фестивалот и да добијат можност да се запознаат и да се дружат со врвни поетски имиња.

Фестивалските настани почнуваат в среда, 21 август 2019 година, во 10 часот, со садење дрво во Паркот на поезијата во Струга и поетско читање во чест на добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2019 година, славната романска поетеса Ана Бландијана. Потоа, во 12.30 часот во конгресната сала на хотелот „Дрим“ ќе се одржи прес-конференција со лауреатката Бландијана.

Гала-отворањето на Струшките вечери на поезијата 2019 ќе почне во 20.30 часот на платото пред Центарот за култура. Половина час подоцна на истото место ќе почне поетското читање „Поетски меридијани“.

Програмата, следниот ден, 22 август 2019 година, ќе продолжи во 10 часот во хотелот „Дрим“ со портрет на Зоран Анчевски, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2018 година.

Целата програма на фестивалот може да се види тука.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Славој Жижек: Што гори во амазонските шуми?

    Славој Жижек: Што гори во амазонските шуми?

    Што да правиме во вакви депресивни времиња кога соништата ќе исчезнат? Треба да ја истакнеме перспективата на иднината што лежи во затајувањето во скриениот потенцијал…

  • Современи електронски звуци од странски и домашни изведувачи на Telekom Electronic Beats Picnic

    Современи електронски звуци од странски и домашни изведувачи на Telekom Electronic Beats Picnic

    Telekom Electronic Beats Picnic – големата журка под отворено небо, што ќе се случи во градскиот парк на 21 септември, нуди целодневна забава со модерни…

  • Јавен повик од Град Скопје за финансирање на проекти од културата

    Јавен повик од Град Скопје за финансирање на проекти од културата

    Град Скопје го објави Јавниот повик за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на Градoт за 2019 година, на кој може…

  • По 28 пат ќе се одржи Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“

    По 28 пат ќе се одржи Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“

    ЈУ. Детскиот културен центар – „Карпош “, од 19 до 22 септември 2019 година по дваесетиосми пат ќе го организира најмасовниот и најстариот Меѓународен детски…

  • Македонски народни носии од 19 век

    Македонски народни носии од 19 век

    Нашево поднебје е исклучително богато со македонски народни носии од различни етнографски целини. Грижата за нивно зачувување и презентација е различна, но се чини најголем…

  • Вечерва свечено отворање на фестивалот ,,Браќа Манаки”

    Вечерва свечено отворање на фестивалот ,,Браќа Манаки”

    Вечерва свечено ќе биде отворено 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки” во Центарот за култура во Битола, на кое ќе се…

  • 40. издание на „Браќа Манаки” го отвора „Болка и слава” на Алмодовар

    40. издание на „Браќа Манаки” го отвора „Болка и слава” на Алмодовар

    Престижниот филмски фестивал „Браќа Манаки” оваа година се одржува по јубилеен 40. пат, а ќе го отвори новиот филм на култниот шпански режисер Педро Алмодовар,…

  • НЕВЕРОЈАТНАТА ПРИКАЗНА ЗА ЏИНОВСКАТА КРУША од данскиот автор Јакоб Мартин Стрид

    НЕВЕРОЈАТНАТА ПРИКАЗНА ЗА ЏИНОВСКАТА КРУША од данскиот автор Јакоб Мартин Стрид

    Животот си тече мирно како река, сè додека Мичо и Себастијан, наместо риба, не уловат порака во шише со своите трски за риболов. Дали писмото…

  • Четврт век од премиерата на „Пред дождот“ на Милчо Манчевски

    Четврт век од премиерата на „Пред дождот“ на Милчо Манчевски

    Вчера се навршија 25 години од премиерното прикажување на дебитантскиот филм „Пред дождот“ на Милчо Манчевски на Филмскиот фестивал во Венеција (La Biennale di Venezia),…

  • Почнува Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“

    Почнува Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“

    Седум претстави и еден документарен филм се на програмата на шестиот Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“, кој ќе почне денеска и ќе трае до…