20 април, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп 19.08.2019 до 25.08.2019

Неделен хороскоп 19.08.2019 до 25.08.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

РАБОТА: Ви следи прилика да напредувате и да прејдете на далеку подобра деловна позиција. Искористете ги поволните аспекти.

ЉУБОВ: Доколку имате планови за сериозни промени со саканото лице, брак, заеднички живот и сл, неделава е вистински момент за тоа.

ЗДРАВЈЕ: Без нагласени проблеми.

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

РАБОТА: Ќе имате среќа на ова поле, па се што сте имале во план ќе обавите лесно и без многу мака и труд.

ЉУБОВ: Чувствате дека ви одговара слободата, но и дека сепак ви е потребна некоја личност со која ќе ги споделите убавите моменти.

ЗДРАВЈЕ: Ќе ви одговара занимавањето со некој спорт.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

РАБОТА: Ве очекува значително материјално поодобрување како и прилика да остварите некои потфати кои ги планиравте во тајност.

ЉУБОВ: Во вас се будат силни емоции и страсти кон едно лице, имате голема желба да бидете со тоа лице.

ЗДРАВЈЕ: Избегнувајте алкохол.

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

РАБОТА: Неделата е поволна за било каков јавен настап или претставување на деловни проекти. Можете да очекувате дека ќе остварите успех.

ЉУБОВ: Моментот е вистински за почеток на врска која може да биде интересна и на долги стази.

ЗДРАВЈЕ: Без проблеми на ова поле.

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

РАБОТА: Лесно ги завршувате ситните обврски кои ви заостанале на деловното поле. Можно е оваа недела да немате воопшто работа, па да уживате.

ЉУБОВ: Можете да очекувате убаво и пријатно познанство со лице кое е присутно во вашата поблиска околина.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со притисокот.

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

РАБОТА: Ќе ви се исплати некој помал ризик со оглед на тоа дека оваа недела ќе ве следи среќата.

ЉУБОВ: Ако сте слободни, ви следи ново познанство со лице кое искрено ќе ве засака, како и вие него.

ЗДРАВЈЕ: Здравствената состојба е одлична, внимавајте само да не се прејадувате.

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

РАБОТА: Ви следи многу поволен период за приватен или семеен бизнис. Можете да очекувате убави вести.

ЉУБОВ: Немате никакви дилеми кога станува збор за вашите емоции. Знаете дека покрај себе го имате она што ви е потребно.

ЗДРАВЈЕ: Добро се чувствате.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

РАБОТА: Пред вас е важен разговор во кој ќе добиете многу нови информации кои се важни за вашата работа.

ЉУБОВ: Ако ви се допаѓа личност родена во знакот на Рак сега е вистинско време да и ги покажете своите чувства и да влезете во врска.

ЗДРАВЈЕ: Ќе решите некои тешкотии кои ве мачеле.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

РАБОТА: Ќе успеете да остварите напредок на полето за финансии. Задоволни сте поради тоа и ќе бидете многу горди на себе и својот успех.

ЉУБОВ: Доколку сте во врска можете да се надевате дека таа ќе оди кон се подобар и постабилен тек во иднина.

ЗДРАВЈЕ: Можни мали проблеми со килограмите.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

РАБОТА: Неделата е поволна за одморање и релаксирање. Нема да ве очекува голем број на деловни обврски. Можете да си се посветите на себе.

ЉУБОВ: Заљубени сте до уши и светот го гледате преку розеви очила.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

РАБОТА: Ве очекува успех на некое патување или во комуникацијата со лица од странство. Ќе имате среќа на ова поле.

ЉУБОВ: Ви следи тајна љубовна врска. Ќе бидете многу возбудени.

ЗДРАВЈЕ: Ќе имате премногу енергија.

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

РАБОТА: Неделата е поволна за годишен одмор или барем краток одмор од работата. Едноставно не се оптеретувајте со обврски.

ЉУБОВ: Ве очекува голема љубов со лицето кое ќе го запознаете на некој пријателски или релаксиран собир.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со алергии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП