20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСе повлекуваат 223.000 автомобили поради поплаки на социјалните мрежи

Се повлекуваат 223.000 автомобили поради поплаки на социјалните мрежи

Заедничката компанија на јапонската Honda и кинеската компанија Guangzhou Automobile Industry Group ќе повлече во Кина 222.674 седани accord од пазарот, соопштија денеска пазарните регулатори.

Повлекувањето на возилата е најавено по неодамнешните поплаки на социјалните мрежи кои се однесуваат на квалитетот на моторот на автомобилот. Повлекувањето е поврзано со проблем предизвикан од интеркулерот на автомобилот со 1,5Т турбо мотор.

Во одредени ситуации моторот ја губел брзината, се наведува во документот на кинеската Државна управа за регулирање на пазарот.

Некои сопственици на тој модел објавија на социјалната мрежа Weibo видео снимки на кои се гледа како автомобилите губат брзина. Многумина од нив побарале повлекување на тој модел од продажба.

Производителите соопштија дека ќе инсталираат уреди кои го оптимизираат протокот на воздухот во интерколерот на моторот, се вели во документот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП