26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДесетта награда за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ - победник на...

Десетта награда за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ – победник на филмскиот фестивал во Херцег Нови

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ја доби главната наградата „Златна мимоза“ за најдобар филм на филмскиот фестивал во Херцег Нови во Црна Гора.

Петтчленото жири, составено од Дуња Клеменц, продуцент од Словенија, Винко Брешан, режисер од Хрватска, нашиот најистакнат актер Никола Ристановски, Јелена Мишељич, продуцент од Црна Гора и режисерот Никола Ључа доделувајќи ја наградата во своето образложение рекоа:„За политичко провокативната модерна бајка, која одекнува, боли и засмејува“.

Филмот беше претставен во Црна Гора од трите актери Стефан Вујисич, Суад Беговски / Суки и Илија Волчески. Наградата ја прими Стефан Вујисич од режисерката Марија Петрович, претседателката на одборот на фестивалот.

Во август „Петрунија“ е застапена на седум фестивали ширум светот, затворајќи го месецот со прoекција на 31 август на големиот Венециски филмски фестивал во селекцијата Денови на авторите, каде влезе како дел од трите финалисти за престижната награда „Лукс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП