26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПознати дел од поканетите учесници на симпозиумот во чест на Анте Поповски

Познати дел од поканетите учесници на симпозиумот во чест на Анте Поповски

На научниот Симпозиум што во чест на великанот на македонскиот пишан збор Анте Поповски под наслов „Антево дело“, ќе се одржи во хотелот „Калин“ во Лазарополе на 5 октомври годинава, ќе земат учество еминентни научни работници,  писатели, уметници, сликари, јавни личности, но и негови познати. Проф. д-р Венко Андоновски, проф. д-р Кристина Николовска, д-р Атина Цветаноска,  доцент д-р Атанас Чупоски, м-р Симона Петровска, м-р Наташа Данчевска, м-р Весна Крстиќ Андреевска, м-р Митра Блажевска и Панде Колемишевски се дел од поканетите учеснци кои ќе треба да се погрижат за расветлување на Антевото дело и неговиот лик.

Организаторите на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“, и  Раководителот на овој научен собир проф. д-р Кристина Николовски се убедени дека конечниот список на учесници на Симпозиумот ќе биде уште подолг, независно што доделениот Буџет на Манифестацијата е крајно скромен и рестриктивен. Симпозиумот е пред сѐ насочен кон нови научни достигнувања, но може да биде отворен и кон поширок  пристап.

Симпозиумот ќе покрене: литературни, литературно-теориски, јазични, културолошки, филозофски, општествени теми, теми од историја на уметност, естетика, теми од културното-боемско живеење.

По сесиите се предвидува да има дискусии и предлагање на нови теми за следниот Симпозиум, а организациониот Одбор на Манифестацијата ќе се погрижи да отпечати и Зборник на трудови од Симпозиумот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП