25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ3 апликации кои секогаш ја следат вашата локација - дури и кога...

3 апликации кои секогаш ја следат вашата локација – дури и кога не ги користите

Понекогаш е корисно, а понекогаш и не.

И додека очекувате дека е сосема нормално апликацијата за навигација да ја следи вашата локација- за безбедно да пристигнете од точката А до точката Б – може ќе ве изненади информациjата дека постојат и многу други апликации кои го прават тоа исто, дури и кога немаат потреба за тоа.

Погледнете кои 3 апликации секогаш ве следат, дури и кога не ги користите.

Апликации за временска прогноза

Овие апликации мора да ја знаат вашата локација за да ви кажат дали би требало наутро да излезете надвор со чадор.

Ова се разбира е корисно, но ако сметате спротивно, не заборавајте кај овие апликации да го оневозможите следењето на локации.

Facebook

Дали има нешто што оваа апликација не следи? Тешко.

За среќа, можете да ја исклучите опцијата за следење внатре во оваа апликација.

Апликации за пронаоѓање партнер

Овие апликации се корисни затоа што ви кажуваат кој во вашата близина исто така бара партнер.

Но, кога ги користите, вие им давате дозвола да користат информации за вашите сегашни, но и идни локации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП