28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСер Пол Мекартни работи на мјузиклот „Животот е прекрасен“

Сер Пол Мекартни работи на мјузиклот „Животот е прекрасен“

Во својата кариера Сер Пол Мекартни има напишано голем број филмови, збирки поезија, книги за деца и преку 100 хит-песни.

Сега, на возраст од 77 години, тој стои пред нов предизвик. Неговиот прв театарски мјузикл.

Рокенрол легендата работи на адаптацијата на филмот „Животот е прекрасен“ (It’s A Wonderful Life) од Френк Капра.

Сер Пол, кој имал само четири години кога филмот за првпат бил емитуван во 1946, вели дека тој раскажува една универзална приказна која сите не поврзува.

Според продуцентот Бил Кенрајт, премиерата на мјузиклот се очекува на крајот на 2020.

Ли Хол, кој работи со Сер Пол на стиховите вели дека ова е неговиот омилен филм.

„’Животот е прекрасен’ ми е омилен филм. Има се што треба – комедија, патетика, хуманост, нешто што допира до сите генерации“, вели Хол.

„Огромна привилегија е да се постави како театарска претстава, но да се работи со Сер Пол Мекартни – тоа е нешто неописливо“, додава Хол.

„Емоцијата, искреноста и мелодичната брилијантност на Пол даваат поинаква длабочина на оваа класична приказна. Се чувствувам како некој ангел да ме чува“, вели Хол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП