25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault со кинеска компанија го шири производството на електрични автомобили

Renault со кинеска компанија го шири производството на електрични автомобили

Француски Renault формирал заедничко вложување со кинески Jiangling Motors Corporation Group (JMCG) за производство на електрични автомобили наменети за пазарот во Кина.

Француската компанија соопшти дека ќе има удел од 50 проценти во новата компанија и дека ќе плати 128,5 милиони евра.

“Кина е клучен пазар за Renault. Партнерството во бизнисот за електрични возила со JMGC Electric Vehicle ќе го поддржи нашиот план за раст во Кина и нашите способности кога станува збор за електични возила”, изјави Франсоа Провост, висок потпретседател на Renault и претседател на oдделот за регион во Кина.

Тој додаде дека Renault е пионер на европскиот пазар за електрични автомобили веќе десет години и дека ќе го искористи неговото искуство во истражување, развој, производство, продажба и сервис кога станува збор за возила од овој тип.

Renault неодамна ја отфрли понудата на Fiat Chrysler за спојување на двете компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП