Во последните неколку години беа лансирани голем број стартап компании со цел во испораката на стоки да ги вклучат роботите, а една компанија од Мичиген додала на таа трка нов елемент, роботите сака да ги постави на велосипедски патеки.

Имено, компанијата Refraction AI неодамна претставила робот за испорака под името REV-1, кој се движи на три тркала и, како што тврдат од компанијата, претставува пресвртница кога е во прашање испораката на пакети. Новиот робот е поголем од повеќето поранешни механички колеги кои се занимаваат со испорака на стоки, но е помал и поекономичен од автономните возила кои се дизајнирани за оваа индустриска гранка. И покрај тоа што има поголеми димензии REV-1 е лесен и троши помалку енергија, што му овозможува да помине како возило кое може да се движи на велосипедска патека, а бидејќи е широк само 80 сантиметри лесно може да се смести во една велосипедска патека.
Сепак, постојат и оние кои тврдат дека роботот, и покрај соодветните димензии, може да ги иритира граѓаните, бидејќи во оваа американска држава веќе протестираа против роботи кои се движат на тротоар и го попречуваат движењето на граѓаните.