20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW M1 не доби зелено светло, но за утеха пристигнува новиот M2

BMW M1 не доби зелено светло, но за утеха пристигнува новиот M2

BMW M135i ќе остане и понатаму најсилната верзија на Серија 1.

Иако новиот BMW Серија 1 има потенцијал за моќна “hoit hatch” M верзија, германскиот производител на автомобили нема во план автомобил кој на пазарот директно ќе се противречи на моделите како што се Audi RS3 и Mercedes-AMG A45.

И покрај тоа што претходно се шпекулираше дека BMW подготвува регуларна ”М” верзија со околу 400 кс, шефот на BMW M одделот, Маркус Флаш, негираше за Top Gear дека ќе дојде до реализација на еден таков автомобил.

На врвот на понудата од Серија 1 и понатаму ќе биде BMW M135i, кој со неговите 306 кс (225 kW) може да се справи само со Mercedes-AMG A35.

Оние кои сакаат високоперформансен компактен BMW ќе мора да се задоволат со новата генерација на моделот М2, кој е во подготовка. За разлика од новата Серија 1 која се базира на механичка платформа со предни тркала, М2 сеуште ќе се заснова на платформа каде што силата ќе се пренесува на задната оска на автомобилот, а за погонот ќе се користи 6-цилиндричен мотор.

Покрај “редовниот” BMW M2, во план е и CS варијанта која е повеќе прилагодена за возење на тркачка патека.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП