19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШтo е тоа ''големо'' што го подготвил Hyundai за Европа?

Штo е тоа ”големо” што го подготвил Hyundai за Европа?

Јужнoкорејскиот Hyundai објави “голем напад” на европскиот пазар со нов модел.

Hyundai за септемврискиот саем на автомобили во Франкфурт најави модел кој ќе донесе најдобра безбедност и поврзување во класата.

Мистериозната фотографија која Hyundai ја објави не открива ништо за моделот, дури не е можно да се заклучи и дали е хечбек или кросовер, освен тоа што “пливачкиот” покрив се спушта зад задниот столб.

Можеби грешиме, но не изгледа ни како голем автомобил, со оглед на краткиот заден дел и задните светла во близина на задната врата.

Ако е во прашање помал автомобил, можно е дека Hyundai подготвил уште еден компактен кросовер како “засилување” за моделот Kona, некоја варијанта на европската верзија Venue која не е наменета за “стариот континент”.

Јавноста за новиот кросовер сигурно ќе реагира со: “Зарем ги нема веќе доволно?”, но побарувачката на пазарот, вели: “Ги нема”.

Во секој случај, дури во септември ќе дознаеме што е тоа ”големо” кое Hyundai го подготвил за Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП