5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорусија ќе троши 50 милиони за играчи

Борусија ќе троши 50 милиони за играчи

vecke

Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке најави дека клубот планира да инвестира околу 50 милиони евра во нови играчи. Вацке за германските медиуми потврди дека во оваа бројка влегуваат веќе дадените осум милиони евра за Сократес.

Шефот на Борусија призна дека се состанал со својот колега од Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, за да се расчистат односите меѓу двата клуба. По трансферот на Марио Гетце во редовите на „баварците“, потоа вистинската сага околу Роберт Левандовски, Вацке потворно сака да ги стопли односите со лутиот ривал.

„За време на паузата се сретнав со претседателот на Баерн, Румениге, заедно коментиравме за односите на двата тима и сакаме да ги поправиме работите“, рече тој.

Борусија ги започна подготовките за новата сезона со кампови, прво во Кирхберг во Австрија, а потоа во Бад Рагац во Швајцарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП