11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКул лајфстајл комбе: Новата Opel Zafira Life

Кул лајфстајл комбе: Новата Opel Zafira Life

  • Девет пријатели: Многу простор за целата екипа во Zafira Life
  • Сè е спакувано: Многу простор за складирање на велосипеди, даска за сурфање и куче
  • Секојдневна практичност: Големите лизгачки врати се отвораат електрично со движење на нозете
  • Клуб на тркала: Стилски кожени седишта и уреден простор
  • Богат звук: Инфозабавен систем со двоен тјунер, графички еквилајзер и осум звучници
  • Работи од соништата: концепт автомобил “О-Team Zafira Life”

Риселсхајм. Многу светло, простор, седење еден спроти друг во удобни кожени седишта, музика од сите осум звучници, автоматска контрола на климата за пријатни 19 степени и сите патници уживаат во прекрасен поглед кон хоризонтот – ова е новата Opel Zafira Life на патот. Секој што е запознаен со името Zafira веднаш знае за што се работи: флексибилноста е врвен приоритет тука … и просторот … и комфорот.

Ова е особено точно за новиот модел на четвртата генерација кој доаѓа во три должини: „мал”, „среден” и „голем”. Квалитетно направени за секоја намена, за секој вкус. Zafira à la carte. Било да е тоа за кратки патувања за шопинг или спортски или авантуристички одмор со група пријатели, за кучето, за багажот и даската за сурфање секогаш има многу простор во Zafira Life. Дури и „малото” повеќенаменско комбе со должина од 4,60 метри може да собере багаж до 3,6 кубни метри. Гледајќи во големата “L” верзија (5,30 метри) низ отворената задната врата се открива голем товарен простор до 4,9 кубни метри и максимална оптовареност во должина од преку 3,50 метри. Велосипедските рамки на задната страна или на покривот веќе не се потребни, бидејќи велосипедите едноставно може да се складираат во возилото.

Внатре, во новата Zafira Tourer може удобно да се смести возачот и до осум патници, во зависност од нивото на опремата. Патувањето во дневна на тркала не е проблем со пространото комбе со стил. Не само што седиштата од вториот ред можат да се преместуваат или преклопат, тие исто така можат да се вртат за конфигурација лице-в-лице со избраниот концепт за седиште, вклучувајќи и маса на преклопување во средината.

Патувањето е уште попријатно во дополнителните кожни седишта. Навалете ја главата назад и уживајте во синото небо или погледот на ѕвездите. Панорамскиот покрив отвора сосема нови перспективи. Opel се фокусираше на што е можно поудобно да им биде на патниците од првиот момент. Влезот е лесен, со едноставно движење на нозете под страничните лизгачки врати кои се отвораат електрично за неколку секунди благодарение на умните сензори.

Инфо системите „Multimedia Radio” и „Multimedia Navi Pro” нудат чиста забава – и двата доаѓаат со седум-инчен екран во боја чувствителен на допир и се компатибилни со Apple CarPlay и Android Auto. Секако. има двојни приемници, графички еквилајзери и осум звучници што обезбедуваат богат звук. И во градот, до точките на интерес може да се стигне брзо и директно благодарение на 3D-прикажување на мапата во Navi Pro.

Во прилог на сите удобности што ги нуди новата Zafira Tourer, безбедноста е исто така главен приоритет. Предната камера и задна со 180-степени панорама, Хед-ап дисплеј, предупредување за преден судир и адаптивна круз контрола на патувањето се само неколку електронски помагала кои обезбедуваат релаксирано возење за време на викендот или на одмор. И кога групата пристигнува на нејзината дестинација, целиот багаж може да се растовара директно пред подземниот лифт на хотелот (а не на паркингот далеку). Бидејќи повеќето верзии на Zafira Life се високи до 1.90 метри лесно се вклопуваат во нормални подземни гаражи.

Цените за новата Opel Zafira Life започнуваат со 34.600 евра (со вклучен ДДВ во Германија) за варијанта со простор за пет седишта, комфорни седишта за возачот и совозачот, како и системи за безбедност и помош, како што се ограничувач на брзината, како и контрола на тракцијата. За да се релаксират патниците, контролата на климата и затемнетото термоизолациско застаклување се вклучени. Вторите не само што ја блокираат силната сончева светлина, туку исто така го нагласуваат изгледот на комбето со животен стил со своите темни прозорци.

Колку спектакуларна дури и Zafira Life може да биде евидентно во специјалното возило за саем и концепт автомобил: „O team Zafira Life”. Како што сугерира името, автомобилот е инспириран од комбето кое го транспортира екипажот во култната телевизиска акција на САД и авантуристичка серија од 80-тите години од минатиот век. Големи тркала, предните решетки и големите аерофоили со светла жолта линија на инаку бела и темно сина боја, го прават концептниот автомобил апсолутно привлечен. Со бучен V8 звук, единственото комбе е подготвено за акција. Внатрешноста се претвора во концертна сала со дополнителен засилувач и звучници со високи перформанси со моќност од 800 вати. Opel Zafira Life – навистина кул комбе за животен стил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП