21 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ''Премногу чисто'' не постои

”Премногу чисто” не постои

Теоријата за “премногу чиста” куќа лошо влијае на здравјето штотуку падна во вода.

Лекарите сакаат да престанат да се занесуваме со теориите кои ни даваат алиби за да не ја исчистите куќа, експертите велат дека за силен имунитет доволно е да поминуваме време во активности надвор.

Но, тоа не би требало да ве спречи да одржувате беспрекорна хигиена, при што посебно внимание треба да се обрне на работните површини, сунгери и крпи за садови и хигиенски мерки при подготовка на храна.

Без оглед на тоа кој детергент користите, ниту крпите ниту пешкирите нема да бидат добро испрани ако ги перете на температура пониска од 60 степени.

Со перење на ниски температури изложени сте на сериозна опасност од инфекции со листерија, ешерихија коли и различни типови норовируси.

“Активности во природа е одличен начин да изградите силен имунитет, и важно е дека се изложувате и на бактерии до одреден степен, но уште повеќе е важно да не одите во друга крајност – оваа препорака не треба да се сфати како повик да не одржувате беспрекорна хигиена” , вели д-р Лиза Екерли од британските Кралски здруженија за јавно здравје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП