29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan ги одложи преговорите за спојување со Renault

Nissan ги одложи преговорите за спојување со Renault

Јапонскиот производител на автомобили Nissan Motor Co. Ltd ќе ја разгледа сегашната структура на капиталот и ќе ги одложи преговорите за продлабочување на сојузот со Renault SA.

Тоа го изјави директорот на компанијата Хирото Саикава, за време на годишниот состанок на акционерите, а објавија локалните медиуми.

Навел дека Nissan ќе испита дали постојната структура на акции предизвикува нестабилност за функционирање на партнерството.

Односите меѓу Nissan и Renault станаа затегнати по апсењето на Карлос Гон, поради што Nissan се труди да ја реорганизира неговата корпоративна структура.

Во моментов, јапонскиот автомобилски гигант поседува 15 проценти од акциите на Renault, додека францускиот партнер држи 43,4 процентен удел во Nissan.

Да потсетиме, јапонското обвинителство поднесе четири обвиненија против Гон поради затајување данок и фалсификување финансиски извештаи. Тој е обвинет и дека парите на Nissan ги користел за да си купи семејна јахта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП