Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 13,000.48 -0.11%    FERS 73,526.00 0.72%    GRNT 1,210.20 0.75%    KMB 7,309.27 0.82%    MPOL 299.00 -0.33%    MPT 79,512.48 -0.26%    MTUR 5,700.00 -0.2%    PKB 12,000.00 3.68%    RMDEN18 98.70 0%    RZUS 70.00 0%    SBT 3,200.00 0%    STB 1,204.69 0.36%    STBP 656.00 0%    STIL 101.01 0.9%    TETE 2,348.75 1.94%    TNB 17,753.58 0.59%    TRPS 1,800.00 0%    TTK 1,689.90 2.76%    ZPOG 1,800.00 0%    

Конкурсот „АНТЕВО ПЕРО“ ги очекува вашите поетски ракописи

Време: 15:31

Датум: јуни 24, 2019

Категорија: КУЛТУРА

Организаторите на манифестацијата „АНТЕВО ПЕРО“ задоволни од динамиката на пристигнатите стихозбирки и извонредниот одглас на конкурсот

Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ потсетува дека е во тек распишаниот Конкурс за доделување на наградата „Антево перо“, востановена во чест на творештвото на великанот на современата македонска поезија, Анте Поповски.

Наградата „ Антево перо“ се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга на македонски јазик. Освен поттикнување на авторството на книги со поезија, основната мисија на оваа книжевна награда е стимулиурање на млади творци, но и афирмација и промоција на дострелите на младите поети кои создаваат и се остваруваат на македонски јазик. Организаторите се задоволни од динамиката на пристигнатите стихозбирки и досегашниот извонреден одглас, кој е добра најава за сериозна конкуренција, а можеби и за рекорден број на пријавени стихозбирки конкуренти за наградата. Поважно од бројот на пристигнатите поетски ракописи, што секако само може и треба да радува, е континуираното зголемување на учеството на творци од поновата генерација.

Репутацијата на манифестацијата која за само една година постоење уверливо се позиционираше на македонската поетска мапа, но и врвниот творечки опус на Анте Поповски, се доволен предизвик и за се разбира етаблираните творечки имиња, кои доставувајќи свои збирки, ставија на знаење дека го посакуваат ова поетско признание.

Поконкретни информации за конкурсните предиспозиции и условите за учество на конкурсот кој годинава ќе биде отворен до 25 август, во неколку наврати повторно ќе бидат објавени и повторени во периодот кој следува, а предвидено е детално запознавање на јавноста и со останатите бројни содржини што ќе ги понуди годинешната Meѓународна поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • За наградата „Роман на годината“ конкурираат 38 дела

    За наградата „Роман на годината“ конкурираат 38 дела

    Жири-комисијата за годинашната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ во соработка со Град Скопје,…

  • Џејми Ли Кертис за „Медена земја“ твитна: Колку совршен филм, воодушевена сум

    Џејми Ли Кертис за „Медена земја“ твитна: Колку совршен филм, воодушевена сум

    Македонскиот документарец номиниран за два оскари, „Медена земја“ ги освои симпатиите и на познатите холивудски актерски имиња. What a perfect film for this moment. #honeylandmovie…

  • Лани рекордна посетеност во „Театар комедија“

    Лани рекордна посетеност во „Театар комедија“

    Со 46.609 посетители и 179 изведби, 2019 година е рекордна за „Театар комедија“. При целосното разгледување на извештаите за посетеност, НУ „Театар комедија“ утврди дека…

  • Претставата „Експеримент“ на 27 јануари во МКЦ

    Претставата „Експеримент“ на 27 јануари во МКЦ

    На 27 јануари, со почеток од 21 часот во МКЦ (сала „Фросина“) ќе се одржи изведба на претставата „Експеримент“, по текст и режија на Јане…

  • Netflix со дури 24 номинации за Оскар

    Netflix со дури 24 номинации за Оскар

    Пред неколку дена се објавени традиционалните номинации за престижната филмска награда од американската Академија за филмска уметност и наука, Оскар. Оваа година најголем добитник кога станува…

  • Поетско читање по повод 100 години од раѓањето на Славко Јаневски

    Поетско читање по повод 100 години од раѓањето на Славко Јаневски

    По повод еден век од раѓањето на Славко Јаневски, Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности што го носи неговото име вечер од 19:30…

  • „Џокер“ има најмногу номинации за Оскар, следуваат „Ирецот“ на Нетфликс и „1917“

    „Џокер“ има најмногу номинации за Оскар, следуваат „Ирецот“ на Нетфликс и „1917“

    За нешто помалку од еден месец, на 10 февруари 2020 година, на познатата локација во театарот Долби во Лос Анџелес, ќе се одржи 92. доделување…

  • Денеска ќе бидат објавени номинациите за „Оскар“ – „Медена земја“ е во потесниот круг

    Денеска ќе бидат објавени номинациите за „Оскар“ – „Медена земја“ е во потесниот круг

    Филмската академија денеска ќе ги соопшти номинациите за трката за Оскарите што ќе се оддржат на 9 февруари во Лос Анџелес. Македонскиот филм „Медена земја“…

  • Бон Џови го отвори третиот ресторан каде сиромашните ќе јадат бесплатно

    Бон Џови го отвори третиот ресторан каде сиромашните ќе јадат бесплатно

    Џон Бон Џови докажа дека е повеќе од успешна поп ѕвезда. Тој основа фондација под името ЏБЏ „Сол Кичен“, која наскоро ќе го отвори третиот…

  • Доделувањето на „оскарите“ и оваа година без водител

    Доделувањето на „оскарите“ и оваа година без водител

    Втора година по ред, доделувањето на престижните награди „Оскар“ ќе се одржи без водител или водителка. Ова за медиумите го потврди Кери Бурк, претседателка на…