Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,996.29 0.96%    BESK 8,169.00 -8.12%    GRNT 901.50 0.26%    KMB 5,400.00 0.11%    KOIN 1,000.00 0%    MPT 62,600.79 0.55%    MTUR 5,301.00 0.02%    RMDEN18 98.90 0.1%    SBT 2,335.67 -1.31%    STB 1,192.55 2.11%    STIL 103.00 0.54%    TEL 295.00 0%    TNB 16,785.00 1.25%    TTK 1,482.46 2.24%    

Македонскиот бренд Биби избран меѓу 20 -те најдобри анимирани цртани за претшколски деца на фестивал во Франција

Време: 14:10

Датум: јуни 19, 2019

Категорија: КУЛТУРА

На престижната манифестација „Картун форум“ (http://www.cartoon-media.eu/cartoon-forum/cartoon-forum-2019.htm) која од 16 до 19 септември ќе се одржи во францускиот град Тулуз ќе има презентација и на овој македонски бренд, кој е избран како еден од најдобрите 20 за претшколска возраст

Светот конечно ќе може да ја запознае детската хероина Биби, нејзиниот најдобар другар Боби, миленичето Зази како и останатите анимирани ликови од  проектот „Светот на Биби“.

На престижната манифестација „Картун форум“ која од 16 до 19 септември ќе се одржи во францускиот град Тулуз ќе има презентација и на овој македонски бренд, кој е избран како еден од најдобрите 20 за претшколска возраст.

„Картун форум“ е создаден во 1990 година и единствен настан кој се фокусира на сесии со претходно избрани телевизиски проекти и е одлична можност за продуцентите и аниматорите да најдат прекугранични партнери и да ги забрзаат финансиските инвестиции.

На годинешното издание ќе бидат презентирани  околу 80 проекти во различни категории. „Светот на Биби“ е во категоријата за претшколска возраст, заедно со 19 други анимирани проекти. Секој од нив ќе биде презентиран 30 минути пред сите потенцијални партнери.

– Подготвени сме да ја презентираме Биби, детската хероина која веќе ги освои срцата на децата од Македонија. Биби е бренд кој е создаван многу внимателно, ги учи децата на убави навики и постојано испраќа едукативни пораки. Сакаме светот да ја запознае Биби, тоа ни е главната цел. Секако дека е важно да привлечеме и инвеститори, да ја емитуваме и надвор од границите на Македонија. Ние немаме друг наш цртан, па се надеваме дека и ние како држава ќе имаме во иднина со што да се пофалиме на ова поле – вели Жарко Стојаноски, проект координатор.

Инаку, од 1990 година повеќе од 764 проекти се презентирани на „Картун форум“, а со вкупен буџет од 2,6 милијарди евра, си го обезбедиле своето финансирање и сега се во фаза на продукција или веќе се емитуваат низ целиот свет.

Во просек, еден од три презентирани проекти обезбедува финансии и влез во продукција.

Речиси сите Европски радиодифузери и големи медиумски инвестициски групи секоја година присуствуваат на Форумот за цртани филмови, за да добијат увид во најновите анимациски ТВ проекти и да ги изберат идните хитови.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • По 20 години од првиот филм најавено четврто продолжение на „Матрикс“

    По 20 години од првиот филм најавено четврто продолжение на „Матрикс“

    Официјално е најавено четврто продолжение од култната научно-фантастична трилогија „Матрикс“ во кое ќе биде вклучен најголем дел од тимот кој работеше и на претходните три…

  • Почнува 14. Меѓународна ликовна колонија „Скопје”

    Почнува 14. Меѓународна ликовна колонија „Скопје”

    Во организација на Музеј на Град Скопје, под финансиско покровителство на Град Скопје, денеска во главниот град ќе започне 14-та Меѓународна ликовна колонија „Скопје”. На…

  • Струшките вечери на поезијата стануваат четиријазични

    Струшките вечери на поезијата стануваат четиријазични

    Струга, задутре, 21 август, 58. пат, ќе стане сцена на една од најголемите и најпрочуени културни манифестации во земјата, но и пошироко – поетскиот фестивал…

  • Изложба за Влатко Стефановски и филм за Кит Ричардс за отворањето на петтото издание на „Скопје синема сити“

    Изложба за Влатко Стефановски и филм за Кит Ричардс за отворањето на петтото издание на „Скопје синема сити“

    Во периодот од 2 до 7 септември во Музејот на Град Скопје и Кинотека на Северна Македонија ќе се биде одржано 5. издание на Филмскиот…

  • Во Битола и Скопје се снима првиот македонски филм на турски јазик „Најтешкото нешто“

    Во Битола и Скопје се снима првиот македонски филм на турски јазик „Најтешкото нешто“

    Деновиве на локации во Битола и Скопје се одвива снимањето на првиот македонски филм снимен на турски јазик со работен наслов „Најтешкото нешто“, во режија…

  • Десетта награда за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ – победник на филмскиот фестивал во Херцег Нови

    Десетта награда за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ – победник на филмскиот фестивал во Херцег Нови

    „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ја доби главната наградата „Златна мимоза“ за најдобар филм на филмскиот фестивал во Херцег Нови во Црна Гора. Петтчленото…

  • Започна снимањето на телевизиската серија „Зоки Поки“

    Започна снимањето на телевизиската серија „Зоки Поки“

    Викендов во основното училиште „Петар Поп-Арсов“ во скопски Карпош започна снимањето на новата телевизиска серија „Зоки Поки“, модерна екранизација на култното дело  на писателката Оливера…

  • Познати дел од поканетите учесници на симпозиумот во чест на Анте Поповски

    Познати дел од поканетите учесници на симпозиумот во чест на Анте Поповски

    На научниот Симпозиум што во чест на великанот на македонскиот пишан збор Анте Поповски под наслов „Антево дело“, ќе се одржи во хотелот „Калин“ во…

  • Врвно естетско доживување со звучните оперски имиња Мула, Ахмети и Цуцковски

    Врвно естетско доживување со звучните оперски имиња Мула, Ахмети и Цуцковски

    Врвен изведувачки артизам на солисти, префинети вокалитети, креативен сензибилитет донесе синоќешниот концерт на „Охридско лето“ на светски познатата оперска певица Инва Мула, сопранот Дешира Ахмети…

  • Македонскиот филм „Петрунија“ се закити со уште една награда на меѓународен фестивал

    Македонскиот филм „Петрунија“ се закити со уште една награда на меѓународен фестивал

    На штотуку завршениот Мотовун Филмски Фестивал во Хрватска, Петрунија ја доби наградата на критичарите ФИПРЕСЦИ. Во Мотовун Филмскиот фестивал 20 одлични филма се натпреваруваа за…