26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКраток пат до совршенство: Ако сакате да го препородите телото ова е...

Краток пат до совршенство: Ако сакате да го препородите телото ова е идеално време за спиење

На сите им е познато дека недостатокот на сон влијае на изгледот.

Подочњаци, крвави очи, сива кожа, брчки за кои не сте ни знаеле дека ги имате, се последиците од недостатокот на спиење.

Но, дали знаевте дека има одредено време кога би требало да одите на спиење, така што следниот ден ќе се разбудите во вашето најдобро издание.

Истражувањето кое го спровела компанијата Sealy UK покажала како на луѓето им се потребни точно девет часа и десет минути сон за да го видат најпозитивното поместување во нивниот физички изглед. Тоа значи дека вашата кожа ќе биде чиста, очите ќе бидат појасни, а тенот многу поубав.

Истражувањето вели дека најдоброто време за одење во кревет е 21:45, а будење во 6:55.

Сепак, на многумина тоа време им е рано за одење во кревет, но експертот за спиење Нил Робинсон има објаснување:

– Многу од нас се стремат да изгледаат што подобро и да трошат голема количина на пари за да го постигнат тоа. Од друга страна, забораваме дека добар сон позитивно влијае на физичкиот изглед. Поради тоа важно е да размислите за квалитетот на спиење и да направите се за да го подобрите – наведува Робинсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП