19 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗHuawei планира до 2022 година да претстави автомобил кој самостојно ќе вози...

Huawei планира до 2022 година да претстави автомобил кој самостојно ќе вози со помош на вештачка интелегенција

Huawei има намера најдоцна во 2022 година да претстави автомобил кој самостојно ќе вози со помош на вештачка интелегенција.

Компанијата Huawei работи со европски, јапонски и кинески автомобилски индустриски компании за да произведе автономни возила, односно оние што сами управуваат со возењето. Намерата им е до 2021 година да ја џаобиколат традиционалната опрема и да се свртат кон вештачката интелегенција, пишува Financial Times.

Данг Венжуан од кинеската компанија изјавил дека софтверот AI веќе е р’бетот на автомобилската марка Audi (Volkswagen), GAC Toyota Motor, Beijing New Energy Automobile и Changan Automobile.

Автономните возила се движат со помош на сензори, а сликата за условите на патот се враќа во централниот компјутерски систем. Нивоата во него се поделени до 5. Последното ниво 5 е тоа во кое возилото може целосно да се движи без возач. Данг верува дека ова никогаш нема да може да се оствари, па така Huawei се фокусира на постигнување на Нивото 4.

Тоа веќе успеале да го достигнат со автомобилот Audi, кој во тест возење се возел по улиците на Шангај во склад со сообраќајните знаци и ги избегнувал пешаците и скутерите во неконтролирано опкружување. Човекот седел на возачкото седиште, но тој не го допрел воланот или контролите.

“Работиме заедно за во 2021 година, најкасно до 2022 година да испорачаме автомобили со овие компоненти за автономно возење, во Кина, но и во Европа”, изјавил Венжуан.

Со оглед на тековните случувања со САД, Ту Ле од консултантската куќа Sino Auto Insights верува дека усвојувањето на американската “црна листа” ќе ја попречи кинеската компанија во оваа намера.

Овој проект е поддржан и од кинеската влада, со цел Кина да стане глобален лидер кога станува збор за вештачката интелигенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП