3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако брзо да го разладите автомобилот во текот на голема топлина

Како брзо да го разладите автомобилот во текот на голема топлина

Седењето во пеколно топол автомобил не само што е многу непријатно, туку може да биде опасно за здравјето.

Без разлика дали имате клима уред или не, овој трик ќе ви помогне за автомобилот кој стоел на сонце да го изладите за околу десет секунди.

Оние кои го испробале овој метод велат дека ја намалува температурата во возилото за 10 степени. Се што треба да направите е:

– Спуштете го прозорецот од страната на совозачот и затворете ја вратата

– Возачката врата отворајте ја и затворајте ја

Исто така, добро е на седиштата, особено ако се кожни, да ставите некој памучен материјал (стара маичка, пешкир…) – така ќе биде полесно да седите на нив бидејќи нема да биде толку жешко.

Воланот е добро да го свртите на страна при паркирање, така кога ќе се вратите и го ставите во стартната позиција, најважниот дел (каде што се вашите раце) ќе биде ладен.

Покрај тоа, пред да го напуштите автомобилот, на менувачот ставете некоја навлака, може и стар чорап, па ни тој нема да биде толку жежок кога ќе седите зад воланот.

Покрај тоа, кога го паркирате автомобилот, добра идеја е да ги оставите предните прозорци отворени за воздухот постојано да циркулира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП