13 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFT: Nissan ќе биде воздржан на гласањето за спојување со Fiat

FT: Nissan ќе биде воздржан на гласањето за спојување со Fiat

Двајцa претставници на Nissan во одборот на директори на Renault групата ќе бидат воздржани за време на гласањето по предлогот за спојување на францускиот производител и FCA, објави Financial Times.

Според неименувани извори упатени во преговорите, најавеното одбивање да учествуваат во гласањето на изборите би можело да ја “загрози иднината” на алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi.

Иако уделот на Nissan од 15 проценти во Renault не ги вклучува правата на глас, на согласност на јапонската компанија наводно се гледа како на “клучна” работа за успехот на договорот. Ако преговорите се успешни, со тоа спојување би се создал трет по големина производител во светот.

Претходно директорот на Nissan Motor Co. Ltd, Хирото Саикава, изјавил дека јапонскиот производител на автомобили ќе ги разгледа неговите сегашни врски со Renault.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП