20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„One love tour“ од 20 јули до 5 октомври во седум градови...

„One love tour“ од 20 јули до 5 октомври во седум градови во Северна Македонија и Бугарија

Фестивалот „One love tour“ ќе започне во Банско на 20 јули, а потоа ќе се одржува во Струмица на 15 август, во Крива Паланка на 25 август, во Бургас на 7 септември, Варна на 14 сепрември, Скопје на 21 септември и ќе заврши во Стара Загора на 5 октoмври, беше соопштено на денешната прес-конференција во Софија.

Организаторите нагласија дека навистина е тешко да се организира фестивал каде влезот е бесплатен, напоменувајќи дека вложиле многу труд и посветеност, за трета година по ред да се одржува „One love tour“.

Тие истакнаа дека Северна Македонија и Бугарија се едни од најблиските балкански држави, не само преку заедничката традиција, туку и поради изградените братски мостови на соработка и соживот.

– Навистина многу се трудиме овој фестивал да функционира веќе трета година по ред и сакам да испратам голема благодарност до сите за големата поддршка. Минатата година, отворањето на фестивалот беше во Скопје, за што сум многу горда, а оваа година најголемиот настан е предвиден да се одржи во Струмица. Новитет оваа година е додавањето на градот Крива Паланка на фестивалската мапа. Освен големите македонски ѕвезди „Некст Тајм“, Џамбо Ангушев и Слаткаристика, новитет оваа година се младите момци од „Два Бона“ и јутјуберите ЏП и Стефонатор, наведе Сања Николиќ Маринковиќ, организатор од Северна Македонија.

Еден од изведувачите на фестивалот, Марко Мариновиќ, познат како Слаткар, наведе дека една од најважните работи на фестивалот и турнејата се остварените дуети.

– Се радувам дека имаме видливи резултати и се повеќе македонски артисти прават музика со бугарски артисти, доаѓа тој успех што сме го замислиле на самиот старт и се надевам дека ќе има се повеќе уметници кои заеднички ќе креираат од нашите земји, потенцираше Марковиќ.

Браќата од „Некст тајм“ изразија благодарност што повторно се поканети да настапат на фестивалот.

– Навистина е слична македонската и бугарската публика и ветуваме дека ќе дадеме позитивна енергија и ќе се претставиме во добро издание пред вас. Тука сме и да го најавиме нашиот дует со Графа за кој сме сигурни дека ќе ве остави без зборови, изјави Мартин од „Некст Тајм“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП