23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗаборавете на 10.000 чекори дневно...

Заборавете на 10.000 чекори дневно…

Еве колку чекори дневно треба да направите за да го зачувате здравјето…

Сигурно веќе сте слушнале дека експертите препорачуваат да направите 10.000 чекори дневно за да го зачувате вашето здравје. Ако тоа ви се чини многу, тогаш оваа вест ќе ве израдува.

Новата студија која ја спровеле JAMA Internal Medicine ги следеле чекорите на речиси 17.000 постари жени во период од четири години.

Се покажало дека оние кои ќе направат најмалку 4.400 чекори дневно, што е доста помалку од оние 10.000 за кои се дискутираше, имаат 41 проценти помала стапка на смртност во однос на оние кои ќе направат просечно 2.700 чекори.

Се разбира, што повеќе чекори тоа подобро, а најдобриот ефект е забележан до 7.500 чекори.

Научниците кои стојат зад оваа студија истакнале дека не им е јасно од каде потекнува приказната за 10.000 чекори дневно, но дека е можно “виновникот” за тоа да е јапонскиот бројач на чекори кој се нарекува Манпо-Кеи, а во превод значи “мерач на 10.000 чекори”.

Експертите велат дека за здравје доволно е да направите 4.400 чекори дневно, а ако можете и повеќе, само напред. Не морате ни многу брзо да одите, доволно е да направите околу 100 чекори во минута, и така за помалку од еден час ќе стигнете до целта од 4.400 чекори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП